Хан оптимист дека Македонија и Грција ќе го решат спорот за името

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан, денеска од Софија, изрази оптимизам дека Македонија и Грција ќе го решат спорот за името. Но, тој не сакаше да дава прогнози за евентуалната временска рамка.

-Секогаш сум оптимист. И ќе останам оптимист. Двајцата премиери се на добар пат, рече Хан, коментирајќи ја средбата меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Во врска со можноста решението да се изнојде до јунскиот самит на ЕУ тој рече дека дотогаш има еден месец и оти се е можно.