Бардиљ Даути, како министер без ресор задолжен за странски инвестиции, и Митасин Бекири, како заменик министер за транспорт и врски, се предлозите што произлегова од денешниот состанок на Централното собрание на ДПА во Тетово, информира по неговот завршување портпаролот на партијата Луан Треси.
Тој посочи дека претходно членовите на Централното собрание по дискусијата решиле да се прифати понудата од премиерот Зоран Заев и ДПА да стане од владејачката коалиција.
За останатите кадри со кои ДПА ќе партиципира во власта Треси најави дека имињата ќе се утврдуваат на состаноци на соодветни работни групи.