Димитров се сретна со Папандреу: Инспиративна средба за иднината на нашите земји

 Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Сунио се сретна со поранешниот грчки премиер, а сега лидер на Сегрчкото движење на демократските социјалисти и на социјалистичката интернационала, Јоргос Папандреу.
– Инспиративна средба со Папандреу за иднината на нашите две земји кои имаат историска можност во блиска иднина да станат сојузници. Историјата е важна. Но ние можеме да ја промениме само иднината, напиша на својот Твитер профил по средбата министерот Димитров.
Тој во Сунио, на покана на неговиот грчки колега Никос Коѕијас, учествува на Вториот состанок на министрите за надворешни работи на балканските земји и Вишеградската група.