Седми Христијански философски форум „Europa“

Во салата на храмот Свети Димитрија во Скопје вечер во 19 часот ќе биде одржан седмиот Христијански философски форум со наслов „Europa“ на кој ќе се дебатира за местото на религијата во современата европска култура.

Христијанскиот философски форум е проект на Философското друштво на Македонија под раководство на универзитетските професори д-р отец Милан Ѓорѓевиќ (Православен богословски факултет) и д-р Ристо Солунчев (Философски факултет).

Гости на форумот ќе бидат д-р Свилен Тутеков, раководител на катедрата за библиско и систематско богословие на Универзитетот во Велико Трново, директор на Центарот за систематско богословие во Велико Трново и главен уредник на меѓународното теолошко списание „Теологикон“, д-р Кица Колбе – доктор по филсофски науки и писателка, д-р Метин Изети – исламски теолог, философ и редовен професор на Државниот универзитет во Тетово и д-р Трајче Стојанов, филозоф и педагог.

Седмиот христијански философски форум, според најавата на организаторите, ќе се обиде да ги узнае патиштата кон актуализацијата на колективниот религиозен архетип во контекст на современата европска култура, притоа излегувајќим од тесните и стерилни рамки на концепцијата за „меѓурелигискиот дијалог“.