Фудбалерите на Вардар претрпеа минимален пораз на гостувањето во Санкт Петерсбург, од домашниот Зенит од 1-2, во натпревар кој се играше во рамките од петтото коло од групната фаза од ЛЕ.
По првото полувреме Зенит водеше со 2-0, со головите кои ги постигнаа Дмитри Попов во 16 минута и Емилијано Ригони во 43 минута. За одбележување во првиот дел е интервенцијата на Филип Гачевски, кој успеа да одбрани пенал кој го изведе Артем Џуба во 27 минута.
Во второто полувреме “црвено-црните” заиграа поактивно, поангажирано и резултатот не изостана. Во судиското продолжение Дејан Блажевски постигна извонреден гол за 2-1, но тоа беше се што нашите фудбалери успеаја да направат на оваа средба.
Ова беше петти пораз на Вардар во досегашните пет натпревари во групата и на последното место. Зенит и Реал Сосиедад веќе обезбедија пласман во осминафиналето.
Следен противник на Вардар, во последниот натпревар во групата е Розенборг, кој гостува на “Филип втори” арената на 7. декември.