ВАРДАР СТАНУВА МААЛСКИ КЛУБ

Како што пред извесно време на женската ракометна екипа и беше кажано дека буџетот ќе биде драстично помал и дека оние ракометарки кои имаат договори да ги прифатат, нешто слично се случува и со машката екипа. Најверојатно е дека по Ф4 турнирот во Келн ќе дојде до тотално растурање на екипата. Наводно така им е кажано на ракометарите, па за очекување е Вардар да се претвори во маалска екипа, каква што беше пред доаѓање на Самсоненко на нејзино чело.

Најдобар доказ за тоа е заминувањето на Стојанче Стоилов, кој најверојатно ќе замине за Кјелце. Но, и да не биде така, од клубот веќе најавија заминување со потпишани договори за разни клубови Гонзалес, Штербик, Циндриќ, Марсениќ, Абутовиќ, Македа, Канељас, Борозан, Карачиќ и сега Стоилов. По заминувањето на овие ракометари, сеуште постоеше надеж дека останатите ќе држат какво-такво високо ниво, но по известувањето за драстичното смалување на буџетот станува јасно дека од Вардар повеќе ќе нема резултати на кои не навикна.