По повод 25-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Француската Република, Дипломатската академија при македонското МНР организира предавање на професорот по Уставно право од Универзитетот во Бордо, Фердинанд Мелан – Сукраманиен на тема „Европската унија и националниот уставен идентитет“.
Воведно обраќање, како што информираат од МНР, ќе имаат францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и државниот секретар на Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски.