Почитувани,
Во врска со новата преговарачка средба за името меѓу Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коsијас во Солун, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:
Колку понижувања треба да истрпат Заев и Димитров за да конечно сфатат дека официјална Атина не сака договор? Има ли граница на сервилноста на актуелната Македонска надворешна политика? Зарем не чувствуваат срам? Коsијас се мајтапи на јавна сцена изјавувајќи дека ќе правел забава кога Македонија ќе прифати промена на Уставното име. Лидерот на Грчката опозиција Мицотакис во интервју за три Солунски радија жестоко ни порачува дека „ерга омнес“ значи Република Македонија да се избрише и да отиде во заборав?
БАРАМЕ ПРЕКИН НА БЕСМИСЛЕНИТЕ ПРЕГОВОРИ!
Македонскиот народ како единствен суверен владетел со Уставното име и национален идентитет, никому не дал мандат да преговара за најчувствителното прашање за една нација. Македонскиот народ мора час поскоро на РЕФЕРЕНДУМ непосредно да се изјасни за судбината на преговорите за името. Ниту еден лидер, партија или коалиција не е поголема од Македонскиот народ. Нема да дозволиме велепредавство.
ВРЕМЕ Е МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА СЕ ИЗЈАСНИ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!
Македонската Алијанса уште еднаш повикува да не се одлага и понатаму формирањето на Државната Изборна Комисија. Најодговорните политички актери да не помислуваат дека можат да стават потпис на некаков нов билатерален договор со Грција со кој ќе го предадат најсветото за што животот го положиле многу Македонски херои.
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски