Хан: Изјавата за решение на спорот за две недели беше погрешно пренесена

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, порача дека неговата изјава дека спорот за името може да се реши за две недели била погрешно разбрана.

-Тоа беше грешка, има и снима. Јас реков дека имам верба дека за неколку недели (a couple of weeks) може да се најде решение, а не за две недели (two weeks). Тоа значи дека сметам дека во блиска иднина е можно решение за спорот за името, изјави Хан.

Хан повтори дека по препорака на Европската Комисија за старт на преговори “најважно сега е да се најде решение за спорот за името“ за земјите членки да ја одобрат оваа препорака.