Почитувани,
Во врска со анализите кои ги прави Грчкиот весник „То Вима“ за преговорите за името и најавените средби меѓу Никола Димитров и Никос Коsијас сега брзо во Солун, на средината на месец мај во Сунио во близина на Атина и Самитот во Софија каде се очекува средба меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:
Македонската Алијанса го подржува обраќањето на Македонски јазик од Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск. Бадијала вриштат Грчките медиуми и Европратеничката на Нова Демократија, Мариа Спираки. Македонски е јазикот кој го говори Македонскиот народ како неспорен историски факт. Грција конечно мора тоа да го прифати и да престане од се’ да создава хистерија и да прави проблеми таму каде не може да ги има.
Она што загрижува во пресрет на следните рунди преговори меѓу Димитров и Коsијас е конфузијата која во последното интервју ја прави Заев. Актуелниот Премиер еднаш вели дека ќе го чува достоинството на Македонскиот народ и нема да се согласи на промена на Уставот, вчера со чудни формулации најавува нешто сосема спротивно.
Да биде на јасно, Уставните измени кои се неопходни при влез на Македонија во Европската Унија не се и не може да се ставаат во било каков контекст со Уставното име, Република Македонија. Ниту Зоран Заев лично, ниту негова Влада и коалиција, како и никоја претходна, нема мандат да ветува нешто што не може да се исполни. Само Македонскиот народ како суверен владетел на идентитетот е тој што одлучува за сопствената иднина. Македонскиот народ нема да дозволи велепредавство!
ВРЕМЕ Е МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА СЕ ИЗЈАСНИ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!
Без референдум на кој народот непосредно ќе се изјасни за судбината на преговорите за името, ниту еден политичар во Татковината не може да ветува, ниту пак да става потпис на некаков договор. Бараме веднаш да се формира Државната Изборна Комисија. Најодговорните политички актери да не се лажат дека ќе ја сменат историјата и ќе ги изневерат Македонските херои кои ги положија своите животи за Македонија. Светото Македонско име нема никогаш да се смени!
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски