Во изминатите два извештаja на Европската комиија заради длабоката политичка криза и назадувањето со реформите и констатицијата за заробена држава, препораката за почеток на преговори со Европската унија беше суспендирана и условена со обезбедување демократски амбиент и демократски реформи. Оваа година препораката е чиста и безусловна и само ни претстојат чекорите кои треба да ги изодиме до портата на ЕУ. Никогаш не сме биле поблиску и нема да отстапиме ни педа од овој процес.
Ова денска го порача премиерот Зоран Заев на седницата на Националниот совет за евроинтеграции на која се разгледуваше Извештајот на ЕК за Република Македонија за 2018 година. Тој го оцени добивањето на безусловната препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ како настан на кој се горди сите граѓани, како потврда за постигнатото и додаде дека тоа претставува силен мотив за да се продолжи со реформте со цел во јуни да се добие датум за старт на преговорите.
– Подготвени сме за тој нов чекор напред. Цврсто сме определени да спроведеме одржливи решенија низ суштинските реформи во сите области опфатени во планот 3-6-9, рече Заев и додаде дека Владата уште порешително ќе ги води реформските процеси во следните два месеца.
Потенцира дека врз основа на Извештајот на ЕУ се утврдени следните итни реформски процеси што треба да се спроведат до крајот на годинава.
Бугарскиот амбасадор Иван Петков, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, посочи дека сите граѓани на Македонија можат да бидат горди на добивањето на безусловната препорака бидејќи сите помогнале за тоа и додаде дека за тоа придонело и подобрувањето на добрососедските односи, а посебно потпишувањето на договорот со Бугарија за кој, како што кажа, била неопходна храбрст на двајцата премиери. Најави дека на состанокот на ЕУ во Софија во мај ќе се разгледува како може да им се помогне на сите земји од Западен Балкан да продолжат со реформите со цел да станат идни членки на Унијата.
Лукас Холуб од Делегацијата на ЕУ во Македонија истакна дека и покрај евидентираниот напредок во Извештајот на ЕУ, земјава треба да продолжи со реформите. Тој препорача ДИК да се фрмира навреме со мандат и ресурси за спроведување на својата задача на непристрасен и транспарентен начин, Собранието да води конструктивен дијалог, да не се донесуваат закони по скратна постапка, покрај СЈО и другите институции на многу поактивен начин да водат борба со корупцијата, да се зголеми независноста на регулаторнтие тела,…
Вицепремиерот за евроиеграции Бујар Османи нагласи дека извештајот се однесува за 16 месеци и ги опфаќа деловите од работата на минатата и сегашната Влада.
– Извештајот по прв пад дава споредба со земјите од регионот и можност за споредба на сработеното. Иако Македонија нема отворено ниедно поглавје, а некои ги имаат отворено сите 30, таа е прва во исполнувањето на економскиот дел и го дели првото место со Црна Гра во политичкиот дел, рече Османи.
Претсеателот на Националниот совет за евроитенграции Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека на сите ќе ни биде подобро доколку ги применуваме европските стандарди. Тој посочи дека земјава треба да премине на примена на законите, а не само на нивно усогласување со европските стандарди, дијалогот да биде отворен и инклузивен, а не толку далеку од јавноста. На Владата и препорача да биде отворена за критика и наместо на славење да се насочи кон критичките извештаи за да ги поправи деловите кои се посочени, како и да ја подобри економијата.
Попски рече и дека во минатото СДСМ како опозиција правела политички опструкции, но земјата економски напредувала, а сега иако ВМРО-ДПМНЕ како опозиција не прави никакви опструкции државата екномски назадува.