Амбасадорот Бејли ќе одржи предавање на Воената академија

Предавање на тема „Национална и меѓународна безбедност и меѓународни односи“ ќе одржи денеска американскиот амбасадор Џес Бејли на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје.

На предавањето ќе присуствува заменик министерот за одбрана, Беким Максути, заменикот на НГШ на АРМ, генерал-мајор Мухамет Рацај, професори од Воената академија, како и питомци од четвртата година и студенти од третиот циклус на студии.