Партијата за Движење на Турците (ТХП) со големо задоволство и радост ја прими веста за добиената безусловна препорака од страна на Европската Комисија за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската Унија.
Ваквиот позитивен исход е резултат на посветената и енергичната работа на Владата на Република Македонија, која со успешното спроведување на 3-6-9 акцискиот план се враќа во многу посакуваниот европски колосек.
Партијата за Движење на Турците (ТХП) смета дека ова е историски успех за нашата земја, кој наскоро ќе биде заокружен со успешна евро-атлантска интеграција. ТХП, како најголемиот политички субјект на граѓаните од турската етничка заедница и во престојниот важен период ќе продолжи максимално да придонсеува за успешна реализација на евроинтеграциските процеси. Веруваме дека Македонија и нејзините граѓани не само географски, туку и со сите вредности припаѓаат на големото европско семејство.