ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА Г.Г. МИХАИЛ
Во врска со улогата на свештеникот, а потоа архиепископ г.г.Михаил во македонското иселеништво треба да се нагласи дека тој служел во голем брпј македонски православни цркви во САД
Така.Македонците од Синсинати засекогаш го паметат 27 февруари 1977 година кога е формиран Иницијативниот одбор за организирање на МПЦО „Свети Пророк Илија“. Со собраниот поголем износ пари, во 1978 година е купено местото од неколку акри на кое има сала што се користи и како црква. Истата година со одлука на Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА оваа црква е примена во крилото на Мајката црква, а во мај 1980 година е положен камен-темелник за изградба на црковна сала.
На 26 август 1982 година, кога беше завршена и пуштена во употреба, тогашниот, архијереј на Американско-канадската епархија, митрополитот г. Кирил, во сослужение на протаѓаконот Јовица Симоновски ја отслужи првата богослужба на македонски јазик во Синсинати, што претставуваше посебно доживување за Македонците од тој град.
Денес е изградена нова црква која целосно беше завршена во 1996 година и беше осветена од архиепископот охридски македонски г.г. Михаил.
Црквата е градена во неколку архитектонски стилови и е висока 16 метри, што е една од највисоките православни цркви во САД. Таа е градена со амфитеатарски стил и може да собере околу 500 лица.
На 26 август 1982 година, кога беше завршена и пуштена во употреба, тогашниот, архијереј на Американско-канадската епархија, митрополитот г. Кирил, во сослужение на протаѓаконот Јовица Симоновски ја отслужи првата богослужба на македонски јазик во Синсинати, што претставуваше посебно доживување за Македонците од тој град.

Св. Кирил и Методиј во Пасаик
Денес е изградена нова црква која целосно беше завршена во 1996 година и беше осветена од архиепископот охридски македонски г.г. Михаил. Црквата е градена во неколку архитектонски стилови и е висока 16 метри, што е една од највисоките православни цркви во САД. Таа е градена со амфитеатарски стил и може да собере околу 500 лица.
Таму, во 1994 година купено е место од десетина екари заедно со времена сала на кое место е изградена македонска православна црква, исто така, во стилот на „Св. Богородица“ во Калиште, односно по планот на црквата „Св. Никола“ во Кентон, Охајо, но со зголемени димензии.
На 7 август 1993 година, митрополитот г. Михаил го освети камен-темелникотод на православна македонска црква „Свети Кирил и Методиј“ во Пасаик. На оваа свеченост меѓу другите присуствуваа и тогашниот претседател на Република Македонија г. Киро Глигоров и првиот македонски амбасадор во САД.
Иницијативата за формирање и изградба на своја македонска црква меѓу Македонците од Детроит постоеше уште од поодамна. Меѓутоа, таа желба се исполни дури кога на 14 јануари 1975 година се конституира Иницијативен одбор за формирање на МПЦ „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Ворен – Детроит. Првата архиерејска литургија во оваа колонија ја отслужи надлежниот архиереј, митрополитот г. Кирил, во сослужение на повардарскиот митрополит г. Михаил (подоцна поглавар на МПЦ-ОА) во една римокатоличка црква во август 1975 година, а потоа беше организиран пикник на кој присуствуваа повеќе илјади иселеници.
Како резултат на бројните активности, собраните средства и силната желба на Македонците да имаат свој македонски духовен и културно-просветен дом, во периодот кога се одбележуваше 75-години од значајното Илинденско востание, на 13 август 1978 година.
Тогаш митрополитот Кирил, во сослужение на прота Ецо Јовановски, а пред многубројни посетители го изврши осветувањето на местото, а на 24 декември 1978 години беше купена зградата во Ворен и осветена на 20 јули 1980 година. Осветувањето го изврши митрополитот г. Кирил.
Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН