ПРАИСТОРИСКИОТ КРИТ И КИКЛАДСКИТЕ ОСТРОВИ ДЕЛ I (32)

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА

Староседелците на Крит

Крит е најголем грчки остров во источниот дел на Средоземното Море. Земјиштето е карсно и планинско, а највисока планина е Еида (2456 м). Стари имиња за ова острово се Каптар (асирско-вавилонско потекло), како и Кефтиу (египетско потекло). Се смета дека неолитските жители на егејските острови Крит и Киклските Острови биле доселеници од Мала Азија (Карци, Лелеги и Лидјани) и од Либија, т.е. од Африка, во пред-динстичкото доба на Егиет. Кога Фениќаните го населиле островот, етнонимот го добиле по митскиот крал Миној кој бил Зевсов најстар син со Европа, ќерка на феникинскиот крал Агенор, сестра на кралот на Теба во Беотија, Кадмо. Тоа е изнесено во митот за Европа.

Миној живеел во херојската доба, а него го посвоил кралот на Крит Астерион, кога се оженил со Зевсова љубовница. Покрај Миној, Астериот ги посвоил и останатите Зевсови деца, Радамант и Сарпедон. Миној бил славен и праведен крал, добар законодавец и заедно со својот брат Радамонт и со Еак биле судии на душите на мртвите во Подземниот свет.Покрај Астерион, како прв владетел на островот, се споменува и Крет, епонимен херој на островот, син на Земјата (Геја), а жителите се викале Етеокритјани, т.е. вистински Критјани. Крет е познат како законодавец и судија и се зборело дека тој го сокрил малиот Зевс во Диктејската пештера за да не биде проголтан од неговиот татко Крон. Тука, Зевс го одгледале нимфите Адрастија и Ида во златна колевка и го хранеле со мед и млеко. За тоа сведочат многу топоними на островото, како спомен на Зевсовото раѓање и детство. Познато е преданието дека син на Крет бил Тал, бронзен џин, чувар на островот Крит и Радамонтов дедо.

Феникијски колонисти

Кога Астерион умрел, Миној станал крал на Крит. Поради противниците морал да докаже дека боговите го одредиле за крал и пред народот побарал од богот Посејдон од морските длабочини да му испрати бик што ќе го жртвува. Меѓутоа, кога од морето изнуркал прекрасен бик, Миној го задржал на барање на неговата жена Пасифаја, а како жртва принел едно од своите говеда. Така Критјаните го прифатиле Миној за крал, но Посејдон, лут поради измамата, го претворил бикот во споулавено животно кое пустошело по островот. Покрај тоа, Посејдон кај Миниевата сопруга разбудил страсна љубов кон убавиот бик. Во очај, Миној го прифатил исклучително надарениот уметник, пронаоѓач и архитект Дедал, внук на атинскиот крал Ерехтеј, кој петходно веќе пребегнал на Крит. Дедал за бикот го изградил Лавиринтот, дворец со многубројни, испреплетени ходници, а Миноевата ќерка Аријадна открила начин како може да се излезе од него.

За Пасифаја, Дедал направил дрвена шуплина (крава), покриена со кожа во која таа  влегла и ù помогнал да ја смири својата страст за убавиот бик. Од оваа врска роден е Минотаур кој на критскиот крал му задавал многу маки, бидејќи се хранел со човечко месо, па затоа Миној го ставил во Лавиринтот, а убавиот бик бил совладан од Херакле. Херакле го довел бикот во Микена. Кралот Евристеј го пуштил бикот на слобода и, отако прокрстарил низ Арголида, прешол на Истам и сопрел на Маратон, каде подоцна го убил Тезеј. Пред овој настан со Тезеј, Миноевиот син со Пасифаја, Андрогеј, кој бил вешт во сите атлетски вештини, отишол од Крит во Атина да учествува на Панатенејските игри, каде бил победник, а потоа продлжил во Теба за да стигне на тамошните празнувања. Според преданието, кралот на Атина, Егеј, му наложил на Андрогеј да се бори со Посејдоновиот Маратонски бик кој ја пустошел Атика. Андрогеј не успеал да го совлада бикот и ги изгубил животот со разјареното животно.

Кога Миној дознал за оваа жалосна вест, набрзо подготвил голема флота и со силната војска тргнал да ги казни Атињаните. Опсадата била долга, а во Атина завладеале глад и чума. После долги преговори, Атињаните го прифатиле Миноевото барање секоја година да испраќаат на Крит по седум момчиња и седум девојки како храна за Минотаурот. Со Аријаднината помош, младиот атински херој Тезеј го убил чудовиштето Минотаур и ги спасил Критјаните од големата напаст

Крит

Додека Миној ја опседнувал Атина, Дедал, кого кралот го затворил во лавиринтот со неговиот син Икар поради случајот со Пасифаја и Тезеевото убивање на Минотаурот, по смртта на неговиот син отишол на Сицилија. Тука, во градот Камик, пријателски го прифатил кралот Кокал и неговите ќерки, каде со својот уметнички и градителски вештини стекнал голема наклонетост. Во меѓувреме, Миној, откако го решил проблемот со Атина, го барал бегалецот по сите земји, а кога дознал дека се наоѓа на Сицилија, со својата флота се упатил кон градот Камик, каде на дворот на кралот Кокал го нашол Дедал.

Но, Миној не стигнал да му се освети, бидејќи во купатило го убиле Кокаловите ќерки. Кокал, потоа, на критските војници им соопштил дека кралот Миној несреќно го загубил животот во купатило, бидејќи се лизнал и се удавил во врела вода. Критјаните сакале да му се осветат, ама ниту после пет години не успеале да го заземат градот, бидејќи Дедал уште поцврсто го утврдил. Според Диодор Сиц.1, неговите придружници свечено го погребале и на Сицилија ги основале градовите Миној и Енгион, со што биле создадени првите критско-феникински колонии на Сицилија. По Тројанската војна, славниот критски херој, стрелецот Мерион, кого бурата го исфрлила на Сицилија и таму го прифатиле критските колонисти, ги пренел Миноевите останки на Крит, каде и биле погребани.   

1 Срејовић, Д., Бабовић, Љ.: Уметност Лепенског Вира, Младинска књига, 1983.

Миној бил современик на Персеј и Асклепиј, на Тезеј и други херои од праисториското доба. Владеел со Крит три генерации пред отпочнувањето на Тројанската војна, што го потврдува и Херодот2, кој истакнува: „… а три поколенија по Миноевата смрт дошло до Тројанската војна, во која Критјаните му пружиле помош на Менелај и се покажале како големи јунаци…“

  Хесодит, Историја, VII, 171, Матица Српска Београд, 1988.

За Миној, Тукидит3 пишува: „… Миној е од оние за кого од преданијата знаеме дека, како најстар, си прибавил се себе бродови и завладеал со најголемиот дел од сегашното Хеленско море, загосподарил со Кикладските Острови и прв населил големо мнозинство, бркајќи ги Караните (жителите на Карија) и поставувајќи ги своите синови за господари. И ги бркал пиратите од морето, колку можел, се разбира секако за да има што поголеми приходи.“

3 Тукидид, Повијест Пелопонеског рата, с. I, 4, Дерета, Београд, 1991. 

Поради матријахатот на Крит, жените имале многу голема функција. Жените се бавеле со атлетика и боречки вештини со бикови (тауромахија), акоробатика, лов, тркачки игри и др. Тие биле вклучени и во производството, особено на керамика, и се смета дека тие први го иницирале производството на печена глина и амфори.

Еден од светите симболи на Критјаните е „двостраната секира“ – лабрис и „минојски рогови,“ сето тоа пренесено од Мала Азија.

Најголеми заслуги на полето на проучување на археологијата на Крит има Артур Еванс (1903), кој го открил сјајот и големината на „Минојската цивилизација“, со чија помош може да се следи историјата на Крит. Според него, праисторијата на Крит почнува уште околу 14.000 година пред Христа. Меѓутоа, Минојскиот период Еванс го дели на три главни периоди: раноминојскиот 3000-21000 година пред Христа, средноминојскиот 2100-1600 година пред Христа и доцниот минојски период 1600-1200 година пред Христа кога и се завршува периодот на критско-микенската култура во Егејот.

Раноминијската култура ја карактеризираат споменици од архитектурата (заоблени и четвороаголни куќи), гробови во форма на ковчег или семејни гробници, оружје, керамика, пластика, накит и печати. Средноминојската епоха ја сочинуваат величествени палати на спрат со многубројни одаи во вид на лавиринти, кои не биле обезбедени утврдувања.

Продолжува

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН