БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА
Потоа, столбови (често со симболите на двојната секира, „лабрис“, оттаму и лабиринт), фрески со полихромни слики кои претставуваат риби, делфини, „берачи на шафран“, „госпоѓи во сино“ итн. Следат гробови, тркалезни и четвороаголни, ковчези-ларнакс, светилишта, печена керамика, изработувани по прв пат во историјата на лончарскиот вител/чекрек, камени вазни и светилки, садови, мечеви и др. Доцноминојскиот период го карактеризираат промени кои настанале како последица од големиот земјотрес во 1450 година пред Христа и од инавзијата на ново население.
Она што, меѓутоа, е најважно за Евансовите и подоцнежните истражувања, се околу 1600 парчиња таблици од глина. Од нив се гледа дека Минојците познавале три начини на пишување. Првиот начин бил хиероглифско писмо внесено преку Египет („свештенички пиктограми“) и Лувиј од Мала Азија. Со ова писмо се служеле во средниминскиот период (2100-1850). Следното било линеарно А писмо со кое пишувале од 1650-1400 година пред Христа. Следи линеарното Б писмо, кое се користело од 1450-1200 година пред Христа, во раздобје кога престанала критската доминација во Егејскиот свет, кога Крит бил окупиран од Микена.
Археолозите сметаат дека „Миноевата палата“ на Кносос, израдена во средноминојскиот период, била престолнина на легендариот крал Миној и пример за палатите во Фестос, Малиј и Закар. Таа палата преживеала неколку разорувања и земјотреси, како и ерупција на вулканот на Тера, за конечно да биде напуштена околу 1400 година пред Христа.

Миноевата религија била култ на Големата Мајка, како врховно женско божество внесено од Мала Азија преку Лувиј и Кар каде владеел матријархатот. Симболите биле двојна секира „лабрис“, чиј збор е од лувијско потекло, и „Минојските рогови“ на светиот бик, „таурокерат“.Зевс, како религија, на Крит дошол преку Мала Азија преку колонистите Нелеиди од Панонија и Лапитите. Неговото доаѓање е вткаено во митот4 за Зевсовото раѓање кога неговата мајка, титанката Реја, сакала да го спаси својот син од таткото Крон, кој ги проголтувал своите деца што му ги раѓала Реа, бидејќи му било претскажано дека еден син ќе го симне од престолот. По советот на Уран и Геја, Реја го сокрила Зевс на Крит, во пештера на планината Ида или Дикта, каде Зевс го одгледале нимфите Адрастеа и Ида, во златна колевка и го хранеле со мед и млеко.
4 Apollodori, Bibliotheca (I-II век пред Христа), I, 1, 6 и Diodorus Sicilus: Bibliotheca historica, V, 70, Fr. Vogel, vol II, Leipzig, 1896.
Втора приказна за Зевсовото доаѓање е онаа за фениќанската колонизација на Крит, кога Зевс во лик на бик ја пренел ќерката на феникијскиот крал Агенор, принцезата Европа, на островото Крит.
Крит во праисторијата е поврзан и со случувањата околу Тројанската војна од 1193 пред Христа. Имено, по Миноевата смрт, него го наследил неговиот син што го добил од Пасифаја, Катреј, кој имал три ќерки: Аеропа, Климена и Апемосина, и синот Алтемен. Аеропа се омажила за Атреј, Пелоповиот син, крал на Микена, мајка на Агамемнон и Менелај, од лидиско или фригиско потекло од Мала Азија.
Климена се омажила за Науплиј, познат морепловец, кој го основал градот Науплиј на Пелопонез и го населил со потомци на Египѓани, кои допловиле во Арголида со неговиот дедо Данај, т.е. бил Данаец.
По совет на пророчицата, Алтемен со сестрата Апемосина пребегнал на островот Род. Во длабока старост, Катреј сакал да му го отстапи престолот на синот и поради тоа отишол да го доведе од Род, каде несреќно биле убиен од синот мислејќи дека е пират. Катреј е свечено погребан на Крит и секоја година се одржувале погребни игри во негова чест.

Во една прилика, тројанскиот принц Парис, најмладиот и најубав Пријамов и Хекабин син, по Афродитин налог, со лаѓа отишол на Крит за да учествува во погребните игри приредени по повод смтта на кралот Катреј. Парис, со својата убави, раскошна облека, големиот брод и богатите дарови брзо ја стекнал љубовта на преубавата Хелена, сопруга на Менелај, спартански крал.
Хелена, маѓепсана од Парис, доброволно тргнала со него, со својата робинка и сопруговото благо, го напуштила мажот и љубовниците се соединиле на островот Кранај. После долго скитање и задржување, допловиле до Троја. Тројанците свечено ги дочакеле и биле маѓепсани од убавата Хелена. Менелај и Одисеј напразно инсистирале да им ја врати Хелена, а кога Тројанците одбиле тоа да го сторат, отпочнала Тројанската војна која траела десет години.
Од страната на Крит во Тројанската војна учествувал кралот Идоменеј, Деукалиновиот син, внук на кралот Миној. Тој бил моќен владетел, господар на стотици градови и крал на целиот Крит. Учествувал во Тројанската војна со осумдесет лаѓи, каде храбро се борел. Тоа го потврдува и Хомер5: „… каде многу жители има/беа уште и други од сто градови на Крет,/на сите ним водач им беше Идоменеј…/Сите тргнале во осумдесет бордови црни“.
После војната, Идоменеј среќно се вратил во татковината, но набрзо бил прогонет поради суровоста. Отпловил од Крит во Калабрија каде изградил повеќе градови. По неговото заминување, уследило влијанието на Микена која ги потиснала домородците-Фениќаните источно и западно на островот. Со продорот на Хелените во X век пред Христа тое го основале градот Горт и тогаш понува „мрачното доба“, назадување и враќање на примитивниот живот.6
5 Хомер, Илијада и одисеја, II, 645, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)
6 Papastavrou, I.: Istoria tis Arhaias Ellados, p, 55, Hiotelli, Athinai, 1972.
Кикладите се островска група-архипелаг од околу 220 острови во јужниот дел на Егејското Море, помеѓу Мала Азија, Балканот и Крит и остатоци се од старото егејско копно. Најголем дел од нив се брдовити.
Архипелагот лежи околу светото острово Дел, роден крај на хиперборејските богови Аплон и Артемида. Тука се одржувале свечености на аполонските амфиктонии кои што се славеле секоја четврта година во слава на Аполон, Артемида и на нивната мајка Лета, а се тука се наоѓало и славно пророчиште. Кикладските острови биле населени уште во неолитот со народите од јужниот дел на Мала Азија, како што се Кари, Лелези, а подоцна со Еоли и Фениќани.
За процутот на културата на раното бронзено време допринело, покрај поволната положба и контрола на поморските патишта, богатството со суровини како што се мермер, бакар, сребо и злато. Археолозите откриле богати некрополи, со разни алатки, разни идоли на женски фигури од мермер, но и со садови и предмети од морската трговија.
Најновите археолошки истражувања на Тера и на Крит откриел една нова „Помпеја“, која претставува вистински рудник на материјална култура за арехолозите од наредните векови. Од куќите затрпани со пепелот од лавата, сочувани се приземјата со цела висина, а често и делови од спратните конструкции. Најголемиот број простории била украсена со фрески од исклучителна убавина, каде преовладуваат мотиви со медитерански пејзажи и жанр-сцени.
Продолжува

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН