Шведскиот Ас, Златан Ибрахимовиќ изјави дека секако ќе оди на СП во Русија до чиј почеток остануваат помалку од два месеца. Иако шведскиот селектор сеуште не го објавил списокот на фудбалери на кои ќе смета на ова СП, Ибрахимовиќ даде своја изјава, која иако внимателна сепак фрла ново светло на екипата која ќе патува во Русија.
-Секако дека ќе одам на СП, но ова е се што можам да кажам во овој момент. Не би сакал да бидам критикуван, но СП без мене не би било СП- изјави Ибрахимовиќ.
Популарниот Ибракадабра игра во извонредна форма во МЛС лигата во САД. Иако не играше во квалификациите за ова СП, тој сепак очекува повик од селекторот.