Интензивно течат преговорите со Русија и Украина за извоз на македонска зелка, а вчера се информирани сите останати дипломатски претставништва на Македонија околу проблемот со пласманот, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Одговарајќи на новинарско прашање по посетата на УХМР, Николовски рече дека Министерството е постојано на терен и секојдневно разговара со земјоделците.
Цената на зелката во моментов е 10 денари за килограм, но посветени сме максимално на ова прашање и очекуваме резултат, нагласи Николовски.