Доколку утре, 19. април, клубовите кои не ја платиле котизацијата и средствата за казни и регистрација на странски кошаркари не го сторат тоа, од четврток ќе бидат суспендирани, а нивните натпревари регистрирани со 20:0 за противникот.
Ова е членот од праволникот за натпревари на КФМ, според кој должниците ќе мора до утре да ги подмират сите долгови кон федерацијата.
Пред околу 2 месеца, клубовите побараа и добија пролонгирање на времето за уплаќање на долгуваните средства. Рокот кој тогаш им беше даден беше 19 април, но тие до ден денеска ги немаат подмирено обврските. Само шест клуба го сторија тоа, додека на останатите им се заканува суспензија.
Дали КФМ ќе остане доследно на заканата или повторно ќе попушти и ќе го пролонгира рокот ќе видиме од четврток.