Екипата на Сепси од Романија, се засили на голманската позиција со нашиот интернационалец, Марко Јовановски. Договорот е потпишан на две години, дополнително и завршувањето на оваа сезона. Инаку, Јовановски во Сепси дојде од Орадеа.
Со пристапувањето на Сепси, Јовановски ја зголеми колонијата на македонски фудбалери во овој клуб. Покрај него, таму настапуваат и Марко Симоновски и Милован Петровиќ.
Инаку, пред заминувањето во Романија, Јовановски играше за Вардар, каде што ја започна фудбалската кариера, а потоа бранеше за Пелистер, Шкендија и Тетекс.