Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од државниот секретар Магдалена Несторовска присуствува на петтата Глобална конференција на Интерпол за трговија со луѓе и илегална миграција во Доха.
Како што информира денеска МВР, државниот секретар и Национален координатор на Република Македонија Магдалена Несторовска остварила билатерална средба со министерот за развој на администрација, труд и социјална политика и Национален координатор за трговија со луѓе на државата Катар Еиса Саад Ал Наими.
На средбата Несторовска и Ал Наими размениле искуства во врска со потребата од градење заеднички пристап во борбата против трговијата со луѓе и илегалната миграција.
– Министерот Ал Наими во името на Државата Катар ја изрази потребата од продлабочување на соработката меѓу двете држави и во други области од заеднички интерес на Република Македонија и Државата Катар, се вели во соопштението од МВР.