Зајакнување на билатералните односи, мултилатералната соработка, патот на Македонија кон Европската Унија и помошта на Јапонија преку јапонската агенција за меѓународна соработка ЈICA, биле главните теми за дискусија на денешната средба на заменик-министерката за европски прашање Викторија Трајков со амбасадорката на Јапонија во земјава, Сецуко Кавахара.
-Реформските процеси и регионалната стабилност остануваат наш врвен приоритет. Разговаравме и за можностите за продлабочување на економската и културната размена, кои се важен мост меѓу нашите народи. Убеденa сум дека преку заеднички иницијативи ќе придонесеме за поблиски врски и посилно партнерство, итакнала заменик-министерката Трајков.
Амбасадорката Кавахара ја изразила поддршката на Јапонија за европската перспектива, продлабочување на соработката во културата како мост помеѓу двата народа, а воедно истакнала подготвеност за натамошна соработка во различни области кои се од заеднички интерес на двете земји.
-Заедничкиот интерес за одржлив развој, иновации и култура го препознавме како поле со голем потенцијал за соработка. Во таа насока, се согласивме да продолжиме со дијалог и конкретни проекти што ќе донесат бенефит за граѓаните, порачала амбасадорката на Јапонија во земјава.
Оваа средба, како што се наведува во соопштението од Министерството за европски прашање, претставува нов поттик за понатамошно унапредување на пријателските односи меѓу Македонија и Јапонија.