Почна Дигиталниот самит – можност за уште посилно поврзување на земјите од Западен Балкан

Македонија денеска и утре е домаќин на Првиот дигитален самит на земјите од Западен Балкан, кој е првиот од серијата настани од овој тип што ќе бидат организирани на годишно ниво, а на кој присуствуваат премиери, владни претставници, бизнисмени, претставници на ЕУ, регионални оранизации и академската заедницата.

Самитот официјално го отвори премиерот Зоран Заев кој прача дека овој собир ќе придонесе за земјите од регионот уште посило да се поврзат со новата технологија и да ја искористат за уште подобра и поцврста соработка.

– Дигитализацијата е можност која не теба да се пропушти ако сакаме да обезбедиме иднина. Регионалната соработка има клучно значење во поврзувањето на граѓаните и државите на Западен Балкан. Таа регионална соработка доби суштина со Берлинскиот процес, а особено со усвојувањето на планот во Трст, рече премиерот Заев.

Самитот ги поврзува на едно место претставниците на владите, бизнисите, регионалните организации, граѓанското општество, академската заедница и младите со заедничка цел – размена на идеи и предлози за заедничко делување.

Во текот на двата дена ќе се разговара за намалување на цените на роамингот, сајбер безбедноста, зголемување на дигиталните вештини на граѓаните и меѓусебно дигитално поврзување на земјите од регионот.

Една од иницијативите што треба да произлезе е заедничкото барање до Европската комисија за меѓусебно признавање на дигиталните сертификати, што значи дигиталните потписи и печати.

Дигиталниот самит на Западен Балкан, е дел од Берлинскиот процес и има за цел регионална координација и приближување на регионот до Европа. Учествуваат премиери од Западен Балкан, министри одговорни за дигиталната агенда, претставници на владите на земјите од Берлинскиот процес. На самитот присуствуваат и еврокомесарите Јоханес Хан и Марија Габриел, други претставници на ЕК, на Советот за економска соработка, претставници на ИТ индустриите и бизнис секторот, академската заедница, младите итн.

Парлалелно со Самитот денеска ќе биде отворен и Експо дел во кој компаниите од дигититалната сфера ќе ја презентираат својата работа, а ќе се одржи и Камп за старт-ап компании, како и конференција посветена на лажните вести.

Предвидено е високата преставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, којас попладен доќа во Скопје, надвор од организацијата на Самитот да одржи вечера со владините преставници на земјите од Западен Балкан.

На Самитот учествуваат претставници од Австрија, Англија, Франција, Италија, Германија, Словенија и Хрватска.