ИЛИНДЕН ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА (30)

ДЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА
СЛАВЕ КАТИН

Пиринска Македонија е дел од регионот Македонија кој се простира во југозападниот дел на Република Бугарија, совпаѓајќи се со територијата на Благоевградската област и подрачјето околу селото Бараково, кое денес е во Општина Кочериново, Ќустендилска област.
Во Пиринска Македонија, за разлика од Егејска Македонија, во текот на Илинден се водени, главно, предавнички врховистички акции. А пак, Пиринска Македонија во времето на Илинденското востание во целост влегувала во состав на Серскиот рево луционерен округ кој, со своето јужно крило, се ширел и преку денешната грчкобугарска гранична линија. Уште пред Илинденското востание во овој округ се истакнал како способен организатор и водач Јане Сандански кој доследно ги спроведувал принципите на Внатрешната македонска револуционерна организација за самостој- носта на македонското национално-ослободително движење.

Во почетокот на септември, кога востанието во Битолско веќе ја достигнало својата врвна точка, Серската окружна организација одржапа конгрес во Пирин на кој бил изработен план за востание во Серскиот округ. На конгресот, главно, било решено востаничките акции на четите да започнат на Крстовден (27 септември), почнувајќи од јужните реони денес во Егејска Македонија и постепено да се прошируваат и да дејствуваат кон север.

Во востаничките акции учествувале и врховистички чети, но под услов нивни те водачи да се потчинуваат на решенијата на Окружниот комитет и да дејствуваат спрема веќе изработениот план. Овие услови врховистичките раководители (генерал Иван Цончев и лолковник А. Јанков) ги прифатиле привидно.

Слоред оваа спогодба, кон почетокот на селтември во денешна Пиринска Македонија дошле околу 400 врховистички четници, на чело со Цончев, Јанков и други офицери од бугарската војска. Врховисти биле упатени само во Серскиот округ, се’ со цел да се дозволи востанието да земе поголеми размери во граничните реони спрема Бугарија.

Во Пирин во одделни околии биле одржани околиски советувања и конференции. Така, конференцијата на најдобро подготвената за востание околија – Разлошката – се одржала во гратчето Банско. На неа присуствувале дваесетина делегати од Разлог – Банско и околните села и бил изработен детален план. За ослободување на Разлог (Мехомија) и за други акции бил избран тричлен реонски (горски) штаб и селски војво ди, според бројот на оружените сили по селата и сл.

Меѓутоа, под влијание на генерап Иван Цончев изработениот план за дејствија бил изменет во таа смисла што Штабот и главните востанички сили биле концентри рани не во Пирин, како што било првобитно утврдено, туку во пределите на Рила, во непосредна близина на турско-бугарската граница, Покрај тоа некои договори и акции на дојдените врховисти (на пример да се бомбардира џамијата во селото Бачево) очигледно имале за цел да ги предизвикаат и онака разјарените Турци кон жестоки санкции.


Нападот за ослободувањето на Разлог не ги дал очекуваните резултати. Додека испратената група востаници внатре во градот жестоко се борела, генерал Цончев, кој бил на 6 – 7 километри оддалеченост не тргнал на помош, а неговите две чети, што биле испратени на Предел, за да го спречат доаѓањето на турски засилувања од Горна Џумаја (денешен Благоевград), ги напуштиле позициите и се упатиле со пуш- ки на рамо кон турскобугарската граница. Потоа истото го сторил и генералот. Тоа им дало можност на Турците жестоко да се пресметаат со мирното население. Во Разлог биле изгорени 95 куќи и истепани 45-луѓе.

Во овој востанички реон најголеми борби се воделе за селото Белица, кое за еден ден и било ослободено. Но, под притисок на аскерот и многубројните башибозучки групи, востаниците го напуштиле селото, а заедно со нив и речиси сето население. Илјадници бегалци од селата се прибрале околу главните востанички сили во Рила и навлегле кон бугарската територија, така што и самите востаници биле принуде- ни со сила да им отворат пат за натаму, напуштајќи ја со тоа и востаничката терито рија. Според тоа, предизвикувачките и предавнички врховистички акции и оѕверените Турци покренале седум до осум илјади бегалци од Разлошко, а тоа придонело мошне бргу да спласнат востаничките акции.

Меѓутоа, за Илинденскиот период во Пиринска Македонија најзначајна лич- ност е Јане Сандански, познат како Пиринскиот цар, Санданпаша и Старикот. Тој е македонски национален херој, војвода и водач на Македонската револуционерна организација.
Меѓу неговите активности во тој период, треба да се одбележи дека во април 1901 година, Сандански и Чернопеев во Разлошко, решиле да го грабнат д-р Хаус, протестантски мисионер од Солун. Меѓутоа тој го одложил патувањето и затоа тие решиле да ја киднапираат протестантската мисионерка Мис Стон која се наоѓала во Банско. Целата акција се усложнила и траела шест месеци. На 31 јануари 1902 бил платен откупот, а 23 февруари 1902 година грабнатите биле ослободени од Андон Ќосето во село Градошорци.

Внатрешната организација презела енергични мерки против врховистичката агитација. Од левата страна од Струма, околу Пирин, борбата против врховизмот ја предводел Сандански. Во Делвино, тој пред селаните кристално јасно ги претставил идејните разлики помеѓу двете организации. Истата агитација, Сандански ја повторил и во селата Марлево и Хрсово. Но и покрај силниот отпор на Внатрешната организа ција, на 22 септември (стар стил) 1902 година започнало т.н. Горноџумајско востание.

Инаку, отечествениот Фронт на Бугарија воспостави најтесна соработка и прија- телство со ДФ Југославија и даде целосна подршка на НР Македонија во нејзиното залагање за крајно остварување на националниот идеал на македонскиот народ. Ваквите ставови на БРП(к) и владата почнаа да се остваруваат како политичка, др- жавна и како законодавна практика.

Следните три години поминуваат во знакот на еволуција на ставовите на БРП(к) и владата на ОФ Бугарија кон државна и законодавна пракса. Во овој период се разменија бројни државни и партиски делегации, консултации и заеднички акции како во билатералната соработка, така и на меѓународен план. Овој период беше крунисан со средбата Тито – Димитров во Блед.

Со одлука на бугарската влада во Пиринска Македонија, пак, е извршен попис на населението, кој доби карактер на своевиден плебисцит. Населението во огромно мнозинство, над 70% се изјаснува како припадници на македонскиот народ, по што се даде директива за изработка на законски проект за територијална автономија на Пиринска Македонија Во училиштата низ сета Пиринска Македонија се почна со настава на мајчин македонски литературен јазик, во горна Џумаја (Благоевград) почна да работи Македонски народен театар на македонски јазик, а за потребите на учени- ците и населението беше отворена и првата македонска книжарница.



„Во Горна Џумаја е отворена првата македонска книжарница „Македонска книга”. Тоа е голем настан не само за градот, туку и за целата област. Книжарницата ќе оди гра голема улога за кристализирањето на националната свест на македонското насе- ление во тој крај и за уште потесно културно зближување..

Овој плодотворен творечки развој во севкупноте македонско-бугарски односи во историјата ќе биде прекинат со донесувањето на Резолуцијата на ИБ во јуни 1948 година, по што полека повторно започнува негирањето на македонскиот народ

Во чест на Илинден, ќе ја поместиме поемата „Иинденка“ од Васил Пецуровски од Вилинген, Германија. Тој е познат и признат бизнисмен, романсиер и поет. Васил Пецуровски е роден во Русиново, Беровско, а е македонски печалбар кој познава неколку европски јазици. Тој е ценет бизнисмен во Еврипската Унија и е голем ма кедонски патриот.


Тој е автор на романот „Нагорена душа“ и како прозно дело е романпрвенец на Васил Пецуровски, кој е и автор на стихо-збирката „Печалбасрки проклетства“, кое претставува посериозно иселеничко дело.

ИЛИНДЕНСКА

Каде е Делчев војвода.
Во крв и пламен на Илинден 1903
Македонија се вивна
за ропски пранги да скрши од вековното ропство.
Гоце Делчев, Груев Даме развеја револуционерно знаме.
Дојде денот македонски, ден светол и светлозрачен.
Сонцето крваво запре над македонската земја.
„Слобода или смрт!” Беше Илинденската клетва.

Васил Пецуровски (Германија)
(Песната „Илинденка“ е објавена во делото „Илинденското востание 1903-2003 и македонските иселеници“,од Славе Катин, стр. 180.


Продолжува


Пишува: СЛАВЕ КАТИН