Анѓушев на самит за енергетика во Берлин

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска и утре во Берлин ќе учествува на Четвртиот самит за енергетска транзиција и дијалог за обновливи извори во енергетска безбедност што го организира германската Влада.

Анѓушев ќе се обрати на денешната попладневна сесија на тема „Придонес на обновливите извори во енергетската сигурност“, а планирано е да оствари и средби со министри за енергетика кои ќе присуствуваат на самитот.