СO СПОГОДБАТА ОД НИВИЦИ – ШТО ЌЕ ПРАВАТ АКАДЕМИК ШКОКЛЕВ, КАТИН И СТЕФОВ СО НИВНАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА? – ДЕЛ I (16)

ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Збиднувањата со Спогодбата за решавање на разликите опишани во Резолуцијата 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации за престанување на важноста на привремената Спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните (РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА-ЕЛАДА и РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА н.з.) околу спорот со името, ја кутнаа Република Македонија во селото Нивици, во Преспа
Во Спогодбата околу спорот со името, меѓу другото, се вели дека двете страни (Република Грција и Република Македонија, н.з) пошле од нивната силна желба за заемно пријателство, добрососедство и партнерство за соработка, а со заложба да ги зајакнат, прошират и продлабочат нивните билатерални односи и да постават цврсти темели за зајакнување и почитување на добрососедските односи и за развивање на нивната севкупна билатерална соработка.

Убаво кажано, меѓутоа, во Спогодбата во членот 7 се вели следното:
„1. Страните прифаќаат дека нивното односно разбирање на термините „Македонија“ и „македонски“ се однесува на различен историски контекст и културно наследство.
Во однос на Првата страна, овие термини ја означуваат не само областа и народот во северниот регион на Првата страна, туку и нивните одлики, како и елинската цивили- зација, историја, култура и наследството на тој регион од антиката до денешен ден.
Во однос на Втората страна, овие термини ја означуваат нејзината територија, ја зик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура, и наследство кои се особено различни од оние кои се наведени во членот 7, став (2).

Втората страна изјавува дека нејзиниот официјален јазик, македонскиот јазик, спаѓа во групата на Јужнословенски јазици. Двете Страни изјавуваат дека официјалниот јазик и останатите одлики на Втората страна не се поврзани со античката елинска цивилизација, историја, култура и наследство од северниот регион на Првата страна.

Ниту една одредба од оваа Спогодба нема за цел на кој било начин да ја поткопа, измени или да влијае на употребата од страна на граѓаните на двете Страни“. Затоа си го поставивме прашањето:

„Што ќе прават академик Антоније Шкокљев-Дончо од Белград, Славе Николовски-Катин од Скопје и Ристо Стефов од Торонто со нивната посветеност на Античка Македонија“?

Познато е дека во Република Македонија, за жал, античкиот период не е често и конти-нуирано истражуван, затоа делата кои го третираат ова прашање е многу мал, за разлика од нашите јужни соседи и други „демократски“ земји, кои со векови потплатуваат и копаат по „античката грчка вистина”, за да ја замаглат и покријат античката македонска вистина.

Меѓутоа, огромен фонд на артефакти се од македонската земја и јасно е дека висти- ната не може да се закопа во земја, оти, кога-тогаш ке излезе на виделина. Таков е слу чајот со вистината за Античка Македонија и древните Македонци, за кои е напишано многу литература што може да се спореди со литературата за Светото писмо – Библијата. Токму затоа, имаме можност и убава прилика овој пат на македонски jазик да се соочиме со историски роман што е базиран врз вистинските аргументи и историските пишани материјали за Античка Македонија.

Делото „Придонесот на Македонија во светската цивилизација“ од академик Антоније Шкокљев-Дончо и Славе Николовски-Катин, Македонска искра, (2006) е от печатено на 350 страници Со оваа книга се потврдува нараснатиот научен интерес за анимиран пристап кон историјата на Македонија, особено кон античкиот период, кој посебно кај нас не бил често и континуирано истражуван и претставуван.

Нараснатиот интерес не е случаен и доаѓа во одредена еволуција на прашањата во посочениот контекст. Токму затоа имаме можност да се запознаеме со ова дело, кое се осврнува на историскиот развоен континуитет на Македонија.

Во трудот е проследена традиционалната македонска култура и наследството. Посебен е акцентиран периодот на праисторијата на Јужниот Балкан, улогата на домородците и палеобалканската средина, селидбите на Ахајците, појавата на Микенската држава, миграцијата на Дорците, Дорската Спарта, Дорска АРГА, Македонија и други прашања.

Делото е поделено на седум глаци во кое паралелно со историските настани се про следува културата и писмениот израз во Македонија, при што посебно е проследена развојната нишка на македонскиот јазик, чиј јужен дијалект влегол како основа во лите ратурниот старословенски јазик (нарекуван терминолошки и како старомакедонски).

Понудената публикација опфаќа значаен и голем период на настани што се случува- ле на теренот на Македонија, чии граници и континуитет се менувал, но сепак, нешто трај но и обврзувчко оставало видливи траги во исторјата на цивилизацијата. Недостатниот број извори ја отежнуваат очевидно, сликата на прецизното историско претставување, но, сметаме дека нараснатиот интерес за недоволно проучените периоди и настани, ќе вроди плод. Како пример за таков поттик во науката го сметаме и ова дело. Со тоа многу поставки може да се утврдат, а можно е и да се видоизменат или дополнат.

Поголем дел од публикацијата „Придонесот на Македонија во светската цивили- за-ција“ е објавено и на англиски јазик под наслов „Macedia in Anciant Times” (2010) (Македонија во античкиот период), од авторите академик Антоније Шкокљев-Дончо, Славе Николовски-Катин и Ристо Стефов, кој го изврши преводот на англиски јазик, Тоа е издание на „Македонска искра“, отпечатено на 230 страници.

Ова дело наиде на голем одѕив меѓу Македонците, особено од егејскиот дел на Македонија кои живеат во прекуокеанските земји Австралија, Канада и САД.

Само во весникот „Македонија“ од Торонто се отпечатени дваесеттина про- долженија од оваа англиска верзија на „Македонците во античките времиња“. Но, се чини најзначајно е тоа што неколку стотици книги како поклон на Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје и сопственикот Славе Катин се испратени на голем број дипломатски претставништва во Македонија и во светот, на дипломати и претставници на Европската Унија, друштва и асоцијации ширум светот, со цел во овие бурни времиња тие да се запознаат со вистината за Македонците во Античка Македонија.



Исто така и делото „The Balkan and Macedonia“ (2014) („Балканот и Македонија“), кое е на 300 страници на англиски јазик, од авторите академик Антоније Шкокљев – Дончо, Славе Николовски – Катин и Ристо Стефов, ја третира Античка Македонија.

Многу историографи би сакале да ја наречат “Егејска култура” “Хеленистичко ис ториско чудо”, кое, според повеќето, започнало во осмиот век п.н.е. Најстарите т.н. статии на грчки јазик што служеле како пишани извори биле датирани во овој “архаичен период”. Од особена важност се делата на античките историчари кои ни дале повеќе или помалку поврзан приказ на настани од античката историја на тој регион.

Продолжува


Пишува: СЛАВЕ КАТИН