ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА СЛАВЕ КАТИН
Со векови, светската наука е загрижена со енигмата на таканареченото “Хеленистичко историско чудо”, но допрва треба да се најде соодветно објаснување за потеклото на овој феномен. Има многу спротивставени ставови во врска со ова прашање, главно затоа што оние што го контролираа минатото сакаа да ја диктираат иднината. Но, бидејќи повеќе не живееме во тоталитарни времиња во Европа, ав торите на ова дело се обидоја да го адре-сираат овој познат таканаречен “Хеленско чудо” со факти и аргументи кои ги користат совре-мените науки, особено лингвисти- ката и археологијата, со пристап до епистемологијата.
Публикацијата „Од Панонија до Егеј“ од авторите академик Антоније Шкокљев – Дончо и Славе Николовски – Катин (2007) „Македонска искра“,Скопје, на 196 страници. е подготвена со желба да понуди еден научен поглед, еден систематизиран прилог за овие европски простори од праискона, што можеби би било предизвик на одредена пројава на научниците, пред се историчарите и лингвистите, за неконформистичка анализа на праисторијата врз основа на новите извори на информации.
Покрај тоа, таа е пишувана и за тоа на читателите со пошироки интересирања да им претстави слика за праисториските случувања сочувани во митологијата и лингвистиката. Поединечната обработка на ономастиката услови и делумно повторување заради честопати испреплетената материја.
Ристо Стефов е Македонец од Канада, публицист, канадски интелектуалец, инжи нер по образование И сопственик на компјутерско биро, доблесен патриот, човек кој цел живот ги брани интересите и ја чува и афирмира вистината за Македонија и македонскиот народ пред светската јавност.
Тој е автор на десетина книги, мегу кои, на капиталното и прво дело издадено на маке донски јазик, “Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес”, а печатено и на англиски јазик во Канада, како и на делата: “Македонија – илустрирано издание со карти, фотографии и биографии”, “Малата книга со големите грчки лаги”, “Монографија за селото Ошчима”, “Кратка историја за Македонија и маке-донскиот народ” и заеднич- кото дело со д-р Мајкл Серафинов “Ова земја не ја даваме”, сите на англиски јазик.
Славе Катин, пак, имаше можност и убава прилика овој пат на македонски јазик да го претстави и да го преведе од англиски на македонски историски роман „Александар Македонски” (Велики) (1988) на 320 страници, од германскиот автор Улрих Вилкен, што е базиран врз вистинските аргументи и историските материја- ли за Античка Македонија.

Овој историски роман е лика и прилика за развојниот континуитет на Македонија, претставен во романизирана литературна форма, со посебна нагласка на ликот и делото на големиот стратег, мислител и дипломат – Фип II Македонски и најголемиот досега воин, освојувач на земји, гениј над гениите, обединувач на народите, почитувач на различните култури, традиции и обичаи, и цар на силното Македонско Царство – Александар III (Велики) Македонски.
Историскиот роман „Александар Македонски” на авторот Улрих Вилкен, а прв превод од англиски на македонски јазик во Република Македонија што го направи авторот на овие редови претставува збир на традиционалната македонска вистина, култура и наследство, почнувајќи од времето на владеењето на Филип II Македонски (359-336 пред Христа) до владеењето и смртта на неговиот син Александар III Македонски (336-323 пред Христа).
На страниците од книгата е обработена македонската вистина, многу успешно се претставени ликовите на Филип и Александар, како и на другите личности од тој период. Авторот Урлих Вилкен навлегол во корените од каде проникна ‘ркулецот на принцот Александар, а потоа го следи неговиот раст до небесните височини, за да напише дека тој од своите предци наследил душа како Шарената Планина и ум чист како бистрите води на реката Бистрица.
Но, откако во Оазата Сива ја доживеал чудесната трансформација од човек во Бог, чинот на просветлувањето, јасно ја видел Екумената, братската заедница на целото човештво. Тој верувал дека наближува времето кога ќе создаде еден единствен свет на рамноправни луѓе со кои тој владеел, не како нивен господар, туку како доброду- шен и правичен Бог.
Инаку, потпишувањето на Преспанскиот договор го направија во селото Нивици, кое спаѓа во Долна Преспа во Грција (Елада – Беломорска Македонија),кое има своја историја, минато, сегашност и иднина за македонскиот нарпод. Општо е познато дека македонскиот народ во тој дел од македонската земја, според своите карактеристики и обичаи, јазично и етнички и е туѓ на Грција.
Од тие причини грчката буржоазија од првиот момент од 1913 година ја проширила својата власт над Егејска Македонија, изградила политика на физичко истребу вање на македонскиот народ и менување на етничкиот состав во своја корист.
Грчката буржоазија, во намера да го избрише секој белег што потсетува на македонскиот карактер на Беломорска Македонија, во ноември 1926 година донела Закон за замена на македонските топоними со грчки имиња на селата и градовите, називите на планините, полињата, реките итн. Тогаш и селото Нивици е прекрстено во Псарадес. Повеќедеценискиот процес на етничко чистење, елинизација, бришење на маке- донската историја и нејзиното толкување според елинските големодржавни потреби
е процес на бришење на македонскиот национален идентитет и постоење. Особено егзодусот на Македонците од Долна Преспа како последица од Граѓанската војна и од елинските (грчките) репресивни режими, спаѓа во редот на најтрагичните етнички чистења направени врз еден народ во најновата европска историја.
Поради остварување на елинските мегаломански идеи, Македонците од Долна Преспа, а и од цела Беломорска Македонија, од 1913 година се изложени на физичка и духовна репресија, која низ различни форми, но со непроменети цели, трае до ден-денес. Се обезличува и деноминира македонскиот народ и неговиот национален иденти тет низ перманентна елинизација. Затоа, не се дозволи враќање на илјадниците протерани македонски иселеници, со цел да се прикаже македонската историја како елинска.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
