ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА СЛАВЕ КАТИН
За нас Македонците Рим е важен бидејќи се смета дека споменикот кој му бил подигнат на последниот македонски крал Персеј се наоѓал на западната град ска некропола на околу 3 км западно од Рим, покрај самата Виа Валерија, каде е поставена масивна бронзена спомен-плоча со вечното шеснаесеткрако македон- ско сонце, подарок од бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски.
Посетата на Ватикан секогаш буди пријатни чувства, но овој пат и средбата со папата Јован Павле II оставија неизбришливи траги во сеќавањето за сè она што го видовме, почувствувавме и доживеавме. А, таму, во градот кој е и држава – Ватикан, има што да се види, да се научи, да се прошират видиците, сознанијата, да се збогати духовното живеење… Оваа самостојна папска држава со површина од 44 хектари е лоцирана во центарот на Рим, сместена на десниот брег на реката Тибар, опкружена со ѕидови.
Во минатото Ватикан постоел како собир на папските згради и цркви, а од 11 ноември 1929 година постои како самостојна држава. Ватикан има своја железничка станица, радио-станица, ПТТ служби, монетарен систем и друго, во кој има формално неограничена власт.
Ватикан како држава има дипломатски односи со голем број земји во светот, меѓу кои и со Република Македонија. Тоа е особено изразено со Македонската православна црква – Охридска архиепис-копија, која долги години одржува верски посети во текот на празнувањето на гробот на свети Кирил во Рим.
Ватикан го има папскиот дворец што е изграден во 1146 година, а во состав на дворе цот подоцна се изградени бројни згради во кои се сместени: познатата библиотека, ар хивата, музејот и други простории, во кои се чуваат ретки уметнички и културни вредности од египетската и античката култура, до највредните дела од минатиот и овој век. Ме ѓу нив има и бројни историски предмети од минатото и уметнички дела од сегашноста на Македонија. Под ватиканска управа има 13 цркви и други установи во Рим, кои заедно со Ватикан претставуваат организациски центар на Римокатоличката црква.
Во луксузните продавници на Виа де Кондоти и Виа Венето испаруваат скапоце- ните парфеми. Кафулињата, рестораните и дискотеките се полнат со бројни туристи секогаш во чекор со модата на самите римјани. На крајот на прекрасната Виа де Кондоти со својата убавина блеска и Шпанскиот плоштад со скалила за кои велат дека се вистинско место за „безделничење“. На овој плоштад се одржува една од најатрактивните модни ревии во светот.
Рим може да се доживее и на друг начин. Да се почувствува преку мирисот на морето и какафонијата на какви се не јазици на дојденците, или можеби преку хаотич ниот сообраќај. Или, пак, едноставно, да уживате во темпераментот на Италијанците. Рим се и илјадниците веспи и убавите девојки на нив. Рим се и тортелините, и пиците, и лазањите, и шпагетите, и виното, и…

Инаку, за нас Македонците е, исто така, важен Рим, бидејќи се смета дека споменикот кој му бил подигнат на последниот македонски крал Персеј се наоѓал на западната градска некропола. Споменикот бил на околу 3 км западно од Рим, покрај сама та Виа Валерија, каде е поставена масивна бронзена спомен-плоча со вечното шеснаесеткрако македонско сонце, подарок од бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, на која на македонски, англиски и италијански јазик пишува:
ПЕРСЕЈ КРАЛ НА МАКЕДОНИЈА- — ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
Чинот на поставувањето на спомен-плочата, всушност, претставува темел за обнова и продолжување на македонското кралство. Со тоа се потврди ширењето на корените на античка Македонија до вечниот Рим и продлабочување на добрите односи и релации меѓу денешните две држави Република Италија и Република Македонија.
Таму географскиот амбиент наликувал на македонскиот пејзаж. Кон југозапад и југ се протегале разбрануваните ниски ридови и рамнината на пресушеното Фукинско Езеро кон југоисток. Кон север по неколку километарската висорамнина, која наликувала на Пелагонија, речиси наеднаш високо во облаците се издигнувал дури до 2.487 метри замаглениот планински врв Велино. Амбиентниот колорит бил типично медитерански, би се рекло дури и балкански.
Според археолозите, пак, самиот објект-споменикот бил оформен во цврста мал- терна техника, со средно големи варовнички камења. Тој бил во форма на доминантна кула, според стара фотографија која, за жал, се урнала во силниот земјотрес кој се случил во 1915 година. Денес, се зачувани остатоците од долниот дел, кои по малку наликувале на фигура на слон, што секако е случајно.
Инаку, по изминати речиси 22 века, се знае дека тогаш Персеј имал само 13 го- дини, кога како македонски принц јавал на чело на дел од македонската армија кон пелагониските теснеци, кај прилепското село Барбарас, каде го запрел пробивот на дардански теорди. Долг е списокот на херојските подвизи на Персеј и на војската на Македонците за одбрана на македонската цивилизација и на Кралството Македонија. Се вративме од Рим во вечерните часови кога сонцето тонеше кон запад и кога намаеродромот „Петровец“ се спушташе ноќта.
Авионот како орел го надлетуваше гра- дот од кај Водно, за потоа да направи полукружно движење кон Велес и за неколку минути да се најде кон пистата од јужната страна. Потоа, авионот силно зачкрипи на пистата и за миг се најде спроти пристанишната зграда на аеродромот „Петровец“, од каде се приклучивме кон реката автомобили што се движеа кон Скопје.
Монографијата за Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски, донаторот за истражувањето на маке- донскиот крар Персеј, чиј автор е Славе Нико-ловски-Кати, е издание на „Македонска искра“, „Македонско сонце“ и „ТВ Сонце“, Скопје, 2012, 1-468 (на македонски и англис- ки јазик) и делото “Балканот и Македонија“ од академик Антоније Шкокљев – Дончо, Славе Николовски – Катин и Ристо Стефов е издание на „Македонска искра“, Скопје, 2014, 1-308 (на англиски јазик)
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
