СУДБИНАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ НА ФИЛИП II МАКЕДОНСКИ (7)

ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Кралот Филип II Македонски владеел со Македонија во периодот 359-336 годи- на п.н.е. Тој многу брзо ги ликвидирал династичките борби и покажал високи државнички и воени способности. Појавата на оваа цврста личност во историјата, е поврзана со најголемите политички и воени успеси кои почнала да ги доживува Македонија, која многу брзо ја претворил во најмоќна држава на тогашниот свет.

Филип II Македонски ја проширил својата држава на исток и ги ослободил Амфипол (357 година п.н.е.), Метона (354 година п.н.е.). Пинд, Потидеја и други градови на македонските брегови на Егејското Море, со што обезбедил излез на Средоземјето. Енергичниот крал на Македонија, уште на почетокот на владеењето, радикално го неутрализирал влијанието на Атина во внатрешната политика на Македонија и обезбедил влијание над соседните Илири, Пеони, Трибали, Тракијци, Тесалци, Олинчани и Епирци. Со растот на авторитетот на Филип и во самата Елада, се појавило промаке- донско движење.

На планот на внатрешната политика, Филип II Македонски спровел општествени и воени реформи. Ги неутрализирал сепаратистичките тенденции на старата аристократија и истата ја ставил под контрола. Истовремено тој ги укинал локалните династии во северномакедонските области на Горна Македонија (Орестида, Линкестида, Елимеја), го зацврстил единството на државата и власта. Покрај тоа, вовел финансиски реформи и ја промовирал својата златна валута „македонски статер”, со што ги поткопал економските позиции на Персија и Атина.


Со ова придонел во развојот на трговијата, на останатите стопанства и на целокупното обезбедување на земјата од надворешните непријатели. Кралот направил големи инвес-тициски вложувања во изградбата на патишта, пристаништа, градови, твр дини и друго. Така на пример, во 344 година п.н.е., на многу погодно стратешко место во Пелагонија, е изграден градот Хераклеа, покрај денешна Битола, а нешто подоцна, во 356 година п.н.е., градовите Филипи и Филипопољ во Тракија.



Истовремено, Филип II Македонски спровел големи реорганизации во армијата на Македонија. Вовел нова стратегија и тактика на војувањето, со употреба на разни видови формации и комбинирани дејства. Главна ударна сила станала македонската фаланга, еден вид тешко вооружана пешадија, чија ударна сила немала на себе рамна во тогашниот свет.
Тоа биле одреди на пешадијци, распоредени во тактички формации со длабочина од 16 редови, а вооружени, покрај останатото, со копја (сарисе) долги околу пет метра. Коњаницата станала многу важно средство за напад, изненадувања и маневри. Македонската воена и мирновременска морнарица, со бази во Термајскиот Залив, придонела во развојот на стопанството и заштита на бреговите

Кралот на Македонија ги усовршил воената дисциплина, обуката на војниците и вооружувањето на својата армија. Вовел нови опсадни средства, дотогаш непознати, како и употреба на кучињатрагачи и чувари за воени дејства, пред сè во планините на Тракија, Илирија и Грција. Тој ги проширил правата и привилегиите не само за припадниците на коњаничките единици составени од аристократски семејства, туку и за целата војска.

Чувајќи ја старата македонска традиција на својата Аргеадска династија, Филип II Македонски бил врховен војсководец, судија, како и првосвештеник. На собрание на војската се решавале сите важни прашања. Собранието го потврдувало и новиот крал со акламација, го решавало прашањето за наследникот и претставувало врховен суд во случај на велепредавство.
Централизацијата на власта која ја спровел Филип имала општествена и интегративна функција. Ова многу критички го изнел Демостен (384-322) од Атина, кој рекол дека „Филип Македонски бил истовремено војсководец, благајник, политичар, ди пломат и дека никој никогаш така не ја зоврел Европа како синот на Аминт”.

Вечниот антагонизам меѓу Македонија и Елада, освен Спарта, дошол повторно до израз за време на Светата војна во Средна Грција, кога Фокиѓаните го ограбиле Делфинското светилиште и со сета војска ја тероризирале цела Грција. Не можејќи да се справат со тоа, Грците му се обратиле на Филип за помош. Македонската интервенција во 352 година п.н.е. настапила со блескава победа, со казнување на Фоки- ѓаните и со проширување на македонската власт од Тесалија до Термопил

Во наредните осум години, Македонија се проширила од Јадран до Црното Море, а на Халкидики градовите паѓале еден по друг. Сето ова носело големи загуби во атинската трговија и престижот. Во настанатите прилики посебно бил изразен многу аграсивниот став на Атина, на чело со најголемиот беседник и водач на антимакедонската партија во Атина, Демостен (384-322).

Во 348 година п.н.е. Демостен ја одржал „Првата Филипика”, каде првпат отво рено истапил против Филип и ги повикал Елините во борба против „македонските варвари”. Тој отворено истакнувал дека секој е варварин ако не е Елин, што уште еднаш потврдува дека Елините од тој период, Македонците не ги сметале за Елини. Непријателствата се ределе и покрај „Филократовиот мир”, кој следел меѓу Атина и Македонија, во 346 година п.н.е.

Во пролетта, 340 година п.н.е., македонскиот крал Филип II Македонски војувал во Тракија против Перинт, на Долен Дунав против Скитите и во Горна Мезија против Трибалите. Неговите успеси ја иритирале антимакедонската партија која не можела да се помири со фактот дека Атина ќе ја изгуби политичката хегемонија во егејскиот свет. Заради тоа Демостен не се плашел ниту од сојузот со Персијците, како и од зе- мање на персиското злато за поттикнување војна меѓу Атина и Македонија.



До неминовниот конечен судир меѓу Македонците и обединетата елинска коалиција (Атина, Теба и други освен Спарта) дошло на 2 Август (Илинден), во 338 година п.н.е. во рамницата кај Херонеја во Беотија, каде елинската војска била потполно по- разена. Прекалената македонска фаланга и нејзиниот генијален војсководец, кралот Филип II, извојувале голема победа над грчките сојузници. Оваа победа и денес ја симболизира велинчествениот споменик „Лавот Херонеј”
.
Оваа значајна победа на воената и економска надмоќ на Македонците и непосредниот Сеелински конгрес, кој бил одржан во 338/337 година п.н.е. на Коринт, претставуваат крај не елинската независност во целина и на поединечните полис-држа ви посебно, воспоставување на македонска хегемонија и општ мир на Балканот. Во овој решавачки судир, во кој двајцата најмоќни непријатели на Македонија, Атина и Теба, биле совладани, дорска Спарта останала неутрална. Во Атина на Филип му е издигната почесна статуа, додека на неговиот син Александар му е дадено граѓанско право.

Прогнозите на Демостен не се обестиниле. Филип во текот на своето владеење од 24 години, создал многу модерна држава. Најпрво тој склучил спогодба за „општ мир” и сојузништво меѓу Македонија и Елада, а исто и меѓу полисите меѓусебно, со што престанале постојните меѓусебни војни. Морскиот сообраќај станал слободен, па трговијата добила нови можности. Кралот Филип II Македонски станал врховен воен и политички водач. Потврдена е неприкосновеноста на приватната сопственост. Ги ос лободил робовите, земјата ја поделил на селаните, со што ги задоволил следбениците на промакедонската партија во Елада.

Бидејќи персиската опасност била постојано присутна, кралот на Македонија го искористил „сојузништвото” со Елините и на Коринтскиот конгрес, 337/336 година п.н.е., е избран за хегемон на сите држави на Коринтскиот конгрес и врховен коман- дант-стратег автократ во војната против Персија, со поcебни овластување.

Бидејќи ги уредил односите со Елините и ги извлекол сите политички консеквенци од својата победа, Филип се вратил во Македонија да се подготви за војна против Персија, бидејќи нивните интереси се судрувале на Егеј, Медитеранот, а посебно на Босфорот.

Во пролетта 335 година п.н.е. Филип формирал македонски експедициски кор пус, во состав од 10.000 војици под команда на Парменион и неговиот зет Атал, како претходница во Мала Азија. Корпусот без поголем отпор поминал преку Хелиспонт и ја зазел Троја, продрел до Магнезија на Меандра, кога до Парменион стасала веста дека кралот е убиен.

До убиството на македонскиот крал Филип II Македонски дошло за време на мажењето на неговата ќерка Клеопатра со египетскиот крал Александар. Филип бил убиен на свеченостите на дворот во старата македонска престолнина во Егам за време на гимнастичките натпревари.

Кога арената била полна, тргнала свечената поворка со учесниците кои носеле украсени статуи на олимписките богови и величествена статуа на кралот Филип на престол. Кога се појавил Филип, настанало големо воодушевување на присутните, а тој ги замолил своите телохранители да го следат од далечина. Тогаш ненадејно изле гол младиот Македонец Паузанија со нож в раце и го извршил атентатот.

Прераната смрт на македонскиот крал на 47 години, кој бил најголема воена, политичка и исто- риска фигура, не само на Балканот туку и во Европа, довела до криза во воспоставувањето цврсти односи на Балканот посебно во Елада.

Филиповата смрт била ненадејна. Но неговите дела биле грандиозни. Тој пред сè ја изградил моќна Македонија, со сила ги смирил Елините и зад себе го оставил достојниот наследник Александар Македонски, чија слава не ја помрачила славата на неговиот истотака голем татко. Македонскиот крал Филип II е погребан во Егам во величествена кралска некропола, со гробница каква не е најдена слична во Елада, со должина од 110м, а височина 12 м.

Продолжува


Пишува: СЛАВЕ КАТИН