ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ДЕЛОТО „ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ“ (6)

ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Публикацијата „Од Панонија до Егеј“, чиј автори се академик д-р Антоније Шкокљев-Дончо и Славе Николовски-Катин е дело на Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, издадена во 2007 година, на 196 страници и е објавена на македонски јазик. Рецензенти на ова дело се: Александар Донски и м-р Мартин Треневски.

Публикацијата е напишана со желба да понуди еден научен поглед, еден систематизиран прилог за овие европски простори од праискона, што можеби би било предизвик на одредена пројава на научниците, пред се историчарите и лингвистите, за неконформистичка анализа на праисторијата врз основа на новите извори на информации.

Покрај тоа, таа е пишувана и за тоа на читателите со пошироки интересирања да им претстави слика за праисториските случувања сочувани во митологијата и лингвистиката. Поединечната обработка на ономастиката услови и делумно повторување заради честопати испреплетената материја.

Инаку, Името „Балкан“ е од подоцнешен датум, по стариот италијански Бог на огнот Вулканус, првенствено Бог на вулканскиот оган, а подоцна и Бог на ковачката вештина. Ова име се однесува на планината Хем и на целиот полуостров. Погрешно е да се смета дека е од турско потекло. Науката за Балканот е балканологијата, која е основана во XVIII век, заради изучување на општествено-политичките, културно-историските, филозофските, фолклорните и други особености на овој дел од светот.

Во предговорот на публикацијата се вели дека свеста за себе и за творење се основни карактеристики како на поединецот индивидуално, така и на човечкиот род како целина. Најзначајни иновации на луѓето, како основа за формирање на историјата. Најзначајна одлика на човечкиот род е свеста (индивидуална и колективна) која има универзално значење во сите духовни активности.

Затоа феноменот на свеста е еден од најстарите проблеми и централна тема на расправите од самиот почеток на филозофските мисли на Исток и Запад, кој до денес се третира низ разни митолошки, мистични и филозофски системи.



Првиот научен обид за објаснување на феноменот на свеста (како најкомплексна мозочна функција) е даден од страна на Обединетите нации, каде последната деценија на XX век се означува како деценија токму на истражувањата на мозокот и свеста. Во услови на модерна информатика и будење на регионалните национализми, желбата на авторите на ова истражување е, со понирање во палеобалканскиот свет, да укажат на значењето на низата најнови археолошки, лингвистички и историски информации за едно културно наследство, кое се злоупотребува за обликување на свеста.

Покрај тоа, целта е да се истакне како е родена и именувана Европа на овие ме ридијани и да се покаже дека палеобалканската култура претставува прапочеток, „архетип” на светската цивилизација. Овие разгледувања се комплементарни со теориите за етногенезата на разни народи на Балканот, а ја намалуваат исклучивоста на многу теории, што е предуслов и залог за опстанокот на идните генерации на овие простори.
Моделот на основачот на комплексната психологија д-р Јунг, за архетипското ко лективно несвесно, ни послужи како парадигма во разоткривањето на таа палета на архетиското колективно несвесно по прашањето на археологијата, лингвистиката, праисторијата и митологијата од палеобалканологијата. Пишаната историја е главниот дел кој архетипски допира длабоко наназад, до појавата на човечкиот вид на Земјата. Археолозите, лингвистите и историчарите ги проширија нашите знаења за минатото за повеќе илјади години.
Балканот, Европа и светот во целост, во античко време најдобро го опишал Херодот (IV, 36), татко на историјата, кој нагласува дека човекот мора да се смее на тоа како многу научници ја нацртале Земјата. Тие прикажале дека Земјата е трка лезна како круг, дека околу неа течат океани и дека постојат само три континенти: Европа, Азија и Либија (Африка), кои меѓусебе се споени.

Според тоа сфаќање, Европа е најголема и најдолга, па оттаму и нејзиното име, од кованицата evris – широк, простран и ops, opos – многу налик, лице, око, т.е. Европа. Неа ја опкружува Северното Море. Европа немала име, а сега се вика така по ќерката на Филип II Македонски, Европа. Меѓутоа, според Хесиод (меѓу 800-700 година пред Христа), во Теогонија (357) за создавањето на светот и митовите од боговите, Европа е ќерка на Океан и Тетида, сестра на Тракија, Азија и Либија. На Зевс му го родила синот Додон, епонимен херој на Додона, прв храм на Балканот.

Публикацијата од „Од Панонија до Егеј“ е поделена на четири дела. Во првиот дел се дадени географски карактеристики на Балканот и археолошки наоди од праисториските културна Балканот. Вториот дел е насловен како „Историска реконструкција на палеобалканските и егејските популации“.

Во него се дадеди материјали за: Хиперборејците (Северците) и нивните современици, потоа за народите: Бриги, Traкијци. Енхелеи, Пелагонци, Пеонци, Македонци, Еолци или Еољи, Минијци, Лапити, Тирои, Пелазги, Јонци, Минои – Крит и Киклада, Ахејци во Пелазгија, Лелези или Лелеги, Карци, Ликијци Лувијци, Лиѓани, Хетити.

Во третиот дел се поместени материјали за палеоглосологијата на Балканот, ономастиката на Грција, ономастиката на Централен Балкан, како и материјали за хидронимите, хоронимите и оронимите.

Во четвртиот дел е пренесена реконструкција на античкиот митолошки систем на Балканот на основа на панонските хидрономи од митолошки содржини, потоа материјалите „Олимписки Пантеон во Панонија“, „Хераклитовите патувања по Дунав“, „Еволуција на палеоглосологијата на Балканот“, “Историскиот развој на грчкиот јазик“, „Посебност на јазикот на Македонците“ и „Улогата на Скитите-Прасловените во континуитетот на палеобалканската цивилизација“.

Во порталот „Македонска нација“ од 20 март 2019 до 26 декември 2019 година се објавени четириесет и едно (41) продолжение од делото „Од Панонија до Егеј“ од авторите академик Антоније Шкикљев-Дончо и Славе Николовски-Катин, а триесет и шест (36) продолженија се објавени во „Македонско сонце“. Исто така 29 продолже- нија се објавени во порталот „Македонски збор“ (Macedonian Word) од Детроит, САД

Продолжува


Пишува: СЛАВЕ КАТИН