ЗНАЧЕЊЕТО НА АНГЛИСКАТА ПУБЛИКАЦИЈА „MACEDONIA IN ANCIENT TIMES“ (МАКЕДОНИЈА ВО АНТИЧКО ВРЕМЕ) (4)

ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Публикацијата „Macedonian in Ancient Times“ (Македонците во античко време) од авторите академик Антоније Шкокљев-Дончо од Белград, Славе Николовски- Катин од Скопје и Ристо Стефов од Торонто е издание на „Македонска искра“ од Скопје во 2010 на 232 страници на англиски јазик, чиј рецензенти се Александар Донски и Одисеј Белчевски е посветена на Македонија и Македонците во античкиот период.

Целта на пишувањето на оваа книга беше да се предизвикаат закосените конвен- цио-нални погледи на „македонското“ и, од историска перспектива, повторно да се отвори „македонското прашање“. Цел е да се истражи прашања кои сè уште останува- ат во различни политички фази, сценарија, игри и милениуми стари апетити, искривувајќи ги со помош на кауза и последица, меѓународните односи во овој многу чувствителен регион на европската мапа.

Преку страниците на оваа истрага, целта е да му се понуди на читателот историски доказ за Македонија, за кој има надеж дека ќе придонесе за обликување на историскиот мозаик на автохтониот македонски народ, нивниот континуитет, националниот идентитет и нивниот придонес кон светската цивилизација. Во исто време, има надеж дека ќе се разоткријат и ќе има спротивставување на историските неправди извршени врз македонскиот народ со злоупотреба на „македонското прашање“.

Оваа книга е посветена на Македонија и на македонскиот народ бидејќи се зани мава со прашањето дали одредени политички субјекти имаат ексклузивни права за монополизирање на македонското историско наследство. И соодветно дали современите млади генерации, родени и израснати во различните „политички разновидни“ делови на Македонија, било да се тие во Грција, Бугарија, Албанија или Република Македонија, се научени и веруваат дека Македонците немаат доволно историски знаење да се сфати дека тие се исти луѓе, Македонци, кои припаѓаат на една земја, Македонија.

Публикацијата „Macedonian in Ancient Times“ (Македонците во античко време) беше промовирана, во Домот на АРМ во Скопје на 04 септември 2010 година, кога преведувачот на ова дело Стефов за прв пат престојуваше во Република Македонија. На таа промоција на која зборуваа д-р Васил Тупурковски, д-р Димитар Керамичиев, Ристо Стефпв и Славе Катин, во преполнетата сала на голем број заинтересирани за античка Македонија, особено од егејскиот дел на Македонија, меѓу другото беше изнесено дека публи-кациjata „Придонесот на Македонците во светската цивилизација“ е излезена и на англиски јазик под наслов „Macedonia in Antient Times“ која го опфаќа периодот пред Христос до доаѓањето на Римјаните во Македонија.

Книгата е поделена на неколку делови, во првиот дел е опфатен историскиот развој на Македонија во античко време, има текст за Македонската империја, за војсководецот Александар Македонски, за Филип Втори, се’ до распадот на македонската империја.

Славе Николовски-Катин на промоцијата, меѓу другото, рече дека академик Антоније Шкокљев-Дончо живее во Белград и е поранешен генерал и автор на голем број делa за античка Македонија. Авторот Ристо Стефов е од Торонто, Канада, а по потекло е од Леринско. Автор е на 10-тина дела за Македонија. Тој истакна дека за издавањето на книгата се служеле со повеќе јазици, со англиски и грчки. Нашата цел е оваа книга да оди во рацете на голем број историчари, политичари, претседатели и сите оние кои се интересираат да дознаат повеќе за Македонија. За тие луѓе книгата е бесплатна, рече Славе Катин и додаде оти во книгата не се задржале на грчкото прашање.

Ристо Стефов изјави дека за книгата „Македонија во античко време“ имал функ ција на уредник и оти ја превел за поширока читателска публика од македонски на англиски јазик. Книгата треба да биде достапна на сите оние кои се служат со англис- киот јазик, со цел да се запознаат со вистината за античка Македонија.

Организатори на промоцијата на книгата беа Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија и книгоиздателството „Македонска ис кра“-Скопје. На промоцијата присуствуваа голем број вљубеници на вистината на античка Македонија, особено оние Македонци кои имаат голем респект кон името и делото на Филип Втори Македонски и на Александар Трети Македонски (Велики).

Исто така на промоцијата беше речено: „Заради подобро согледување на проблемот и наследникот на традиционалната македонска култура и наследството воопшто, истражувањата и анализите го опфаќаат прво периодот од прастарите времиња на праисторијата на јужниот Балкан. Како последица од тој егзодус посветено е внимание на првите Елини (Грци) на Балканот и воспоставувањето на новите општественополитички односи во Архајскиот и класичниот период, со појавата на Дорски Спарта и Арга, Македонија и зна чењето на нивните култури.

Потоа следи историјата на античка Македонија, македонската окупација на Елада и создавањето Македонска империја и нејзиниот придонес во светската цивилизација, улогата на палеобалканскиот јазик во формирањето на старогрчкиот јазик, македонскиот или Александровиот “коине”, кој денес е основа на официјалниот јазик во Грција и друго“.
Понудената публикација опфаќа значаен и голем период на настани што се случувале на теренот на Македонија, чии граници и континуитет се менувал, но сепак, нешто трајно и обврзувчко оставало видливи траги во исторјата на цивилизацијата.

Недостатниот број исвори ја отежнуваат очевидно сликата на прецизното историско претставување, но, сметаме дека нараснатиот интерес за недоволно проучените периоди и настани ќе вроди плод. Како пример за таков поттик во науката го сметаме и ова дело. Со тоа многу поставки може да се утврдат, а можно е и да се видоизменат или дополнат. Од книгата „Macedonian in Anciеnt Times“ (Македонија во античко време) од академик д-р Антоније Шкокљев-Дончо, Славе Николовски-Катин и Ристо Стефов) се објавени дванаесет (12) продолженија во месечниот весник „Македонија“ од Торонто, од август 2016 до август 2017, (на англиски).

Продолжува


Пишува: СЛАВЕ КАТИН