ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА СЛАВЕ КАТИН
Публикациjaта „Придонесот на Македонцја во светската цивилизација“ чии автори се: покојниот академик Антоније Шкокљев-Дончо од Белград, а по потекло од с. Д’мбени, Костурско и Славе Николовски-Катин од Скопје, е публикација на издавачката куќа „Македонска искра“, од Скопје, издадено во 2004 година, на 346 страници, на македонски јазик. Рецензенти на ова дело се проф. д-р Васил Тупурковски и проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ.
Во воведот на публикациjата „Придонесот на Македонија во светската цивилизација“ се вели дека непосреден повод за оваа публи-кација е повторното отворање на „македонското прашање“ како завереничка концепција на историјата, која не се симнува од дневно-политичката светска сцена веќе 2.500 години, нарушувајќи ги меѓународните односи на овој многу чувствителен простор на Балканот и Европа,
Истражувањата на овој план имаат за цел да придонесат за согледување на историската вистина за автохтоноста на македонскиот народ, неговиот национален иден титет и континуитет, за придонесот на Македонија во светската цивилизација, но и за Македонците и спротивставувањето на историските злоупотреби на и нтересното ма кедонско прашање.
Оваа книга е посветена на Македонија и Македонците, односно на прашањето дали издвоените политички ентитети имаат исклучително право на монопол над историското наследство, односно дали денешните млади генерации, родени и израснати во двата политички конфротирани се одраснати и воспитани со убедување дека Македонците немаат доволно сознанија за историскиот факт дека се делови од еден народ и од една земја која се нарекува Македонија.
Како да бидат убедени денешните Грци, чии предци на Балканот дошле во XI век пр.н.е. без ова име, туку дошле како Дорци (Херодот, I, 56), а името не го добиле ни 800 години подоцна во Хомеровата „Илијада“, во VII век пр.н.е, туку како Ахајци, Аогејци или Данајци, а подоцна како Хелени, Греки или Ромеји (Мпампиниотис, 1998, 596).
Како да се сфати тоа што името Македонија не е најтесно поврзано со она што не- кои современи историчари погрешно го нарекувале „елинизам“. Елините првпат во својата вековна историја, административно го освоиле јужниот дел на Македонија дури по Првата балканска војна 1912 година, односно во 1913 година (Букурешки до говор, 13 август 1913 година).
За публикациjата „Придонесот на Македонија во светската цивилизација“ имало неколку промоции и тоа во Скопје, Торонто и Љубојно. Првото претставување на делото пред македонската јавност било во Домот на АРМ во Скопје на 25 мај 2004 година. Пред голем број видни личности од политичкиот и општествениот живот и голем број Македонци од етничка Македонија. Делото го претставија проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ и д-р Васил Тупурковски.
Во нивните излагања, меѓу другото, беше изнесено следното: „Со делото „Придонесот на Македонија во светската цивилизација“ се потврдува зголемениот научен интерес за анимиран пристап кон историјата на Македонија, особено кон античкиот период, кој посебно кај нас не бил често и континуирано истражуван и претставуван. Зголемениот интерес не е случаен и доаѓа во одредена еволуција на прашањата во посочениот контекст. Токму затоа имаме можност со интерес да го проследиме и ова дело, кое се осврнува на историскиот развоен континуитет на Македонија“.
Во трудот е проследена традиционалната македонска култура и наследството. Посебно бил акцентиран периодот на праисторијата на Јужниот Балкан, уло гата на домородците и палеобалканската средина, селидбите на Ахајците, појава та на Микенската држава, миграцијата на Дорците, Дорската Спарта, Дорска АРГА, Македонија и друго.
Поглавјето „Потекло – етногенеза на древните Македонци“ започнува со припадноста на античките Македонци на семејството на индоевропските народи, творци на неолитската култура на централниот Балкан, за да заврши, преку митолошките маке донски династии, со македонската династија на кралот Македон, со легендата за кралот Мид, со Кадмо, со топографската локализација на праисториска и античка Македонија. Посебно внимание му е посветено на античкото – македонско кралство Аргеада.
Притоа, се користени доста делови од историјата на Херодот и други извори. Исто така проследен е и периодот на Македонија од Пердика до Пердика III, и дадена е табела на кралевите од македонската античка династија на Аргеадите, како и на Антигонидите.
Вториот дел од трудот е насловен како „Античка Македонија“, Во ова поглавје доминираат и недоволно до денес истражените области од културните достигања на Античка Македонија. Имињата на многу божества укажуваат на македонска, а не на елинска етимологија. Посебен простор му е посветен на развојот на писмото во Македонија.
Во најново време е нараснат интересот за јазикот на античките Македонци. Во светот се појавиле повеќе трудови на оваа тема, посебно и за палеоглосијата на Балканот. Маке-донците во антиката зборувале со посебен јазик, неразбирлив за Елините, за што авторите даваат повеќе сведоштва.
Третиот дел се однесува на Александар Македонски, со сите негови подвизи и дела, посебно формирањето и состојбата на единственото Македонско Царство, со цивили-зацискиот придонес, со целиот блесок на создавње на познати градови со висока култура и библиотеки (како, на пример – Александрија, итн.) Притоа се проследуваат сите истакнати уметници и значајни творци од тие периоди.
Неверојатно интересни соопштенија во публикациjата „Придонесот на Македонија во светската цивилизација“добиваме во Четвртиот дел насловен како „Македонија во римскиот период“. Долгогодишните војни меѓу македонската и римската војска завршиле во 176 година пр. н.е. со победа на Римјаните на чело со Емилио Паул.
Посебна важност има Шестиот дел „Словените и Македонија“. Не помалку инте- ресни се и текстовите кои говорат за потомците на античките Македонци во овој пе риод. Трудот посебно се осврнува на христијанизацијата на нивниот општ старомакедонски, односно старословенски јазик, на просветителската улога на браќата Кирил и Методиј, чија дејност ја продолжиле нивните ученици, а свети Климент Охридски ја формира Охридската книжевна школа во Македонија. На ова значајно писмено жа- риште авторите му посветиле нужно и достојно внимание.
Со седмиот дел „Македонската духовна галаксија“ се дава нужен осврт на појава- та на богомилството во Македонија, како израз и одраз на општествено-историските услови, по кое следи исихазмот на Балканот. Самуиловата држава е значајна појава на Балканот воопшто, со остварување на значајната државна македонска формација, која зазела широки размери.
Еден од деловите на оваа публикација се однесува на Александар Македонски, со сите негови подвизи и дела, посебно формирањето и состојбата на единственото Македонско царство, со цивилизацискиот придонес, со целиот блесок на создавње на познати градови со висока култура и библиотеки (како пример – Александрија, итн.) Притоа се проследуваат сите истакнати уметници и значајни творци од тие периоди.
Неверојатно интересни соопштенија добиваме во делот озаглавен “Македонија во римскиот период”. Долгогодишните војни меѓу македонската и римската војска завршија во 176 година пред н.е. со победа на Римјаните на чело со Емилио Паул. Со тоа завршила независноста на земјата на Филип II и Александар Македонски, по илјадници години траење. Меѓутоа, Македонците и нивните пројави на сеопшт план не престанале, што е и предмет на ова излагање.
Симболиката на лавот, пак,била исто така присутна во македонската хералдика (наука за грбовите). Симболизмот на сонцето како универзален знак на кралот, бил присутен и во македонските династии. Сонцето е божествена работа зашто е извор на светлина, топлина и живот. Во иконографијата сончевите зраци претставуваат небесни и духовни влијанија кои ги примаат земјата и поединецот, а илустрирани се како прави или брановити црти. Така на пример, на една икона косата на кралот Минд прикажана е како сонце со сончеви зраци.
Симболизмот на сонцето е прикажан и на карпестата уметност во Македонија, која потекнува помеѓу 3-400-1.800 г. п.н.е. Сонцето е обликувано во вид на круг со крст внатре, а во центарот на вкрстувањето постои поголема дупка, или без неа. Со ова уметниците од тој период прикажале дека целиот сончев систем е детерминиран со законот на златниот пресек, што го покажува и современата наука за сончевиот осцилаторски процес (Томиќ, Коруга, 2002 година).

Меѓутоа, најубав симбол на божестеното и животворното сончево зрачење е прикажано на ковчегот на кралот Филип II , кое во археологијата и современата историја влегло како сонце на Вергина (Кутлеш, Палатица).
Археолошките истражувања на локалитетот Вергина (Кутлеш, Палатица), во под- ножјето на Пиерија, односно областа Ботиаја, ја откриле материјалната култура на градот Еге од праисторијата и некрополата на македонските кралеви (Андроникос, 1969, 1979 и 1985). На златниот ковчег на гробот на Филип II Македонски, на надворешната страна на капакот, најдена е златна интарзија (уметнички украсуван предмет од дрво) на сонце со шеснаесет златни прави зраци, и тоа од осум помали и исто толку поголеми.
Ова златно сонце е протолкувано како традиционален симбол на македонската Аргеадска династија од Орестида (Костур)
Инаку, од книгата „Придонесот на Македонија во светската цивилизација“ од академик д-р Антоније Шкокљев-Дончо и Славе Николовски-Катин се oбјавени: пе- десет и едно (51) продолжение во Веб-порталот „Македонска нација“ од Скопје, од 19 ноември 2014 до 21 септември 2016, (на македонски). Потоа на порталот „Мактел“ од Сиднеј, Австралија, во 2023 година се објавени 41 продолженија.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
