Излезе од печат Монографското дело кое е посветена на Гојко Јаковлески, алиас Гојко Делчев Рафкин – Гоце Македонски. По повеќегодишни подготовки, промени, дополни и чекања, како и издавачки и библиотекарски регулирања, Монографијата го виде македонското Сонце. Ова дело беше посветено на 87 годишниот живот и дело на Гојко Јаковлевски, а е дело на издавачката куќа „Македонска искра“, од Скопје, печатено на 290 страници, на македонски и англиски јазик, чиј рецензенти се Ѓорѓија Џорџ Атанасоски и Душан Ристевски – Македон.
Монографско дело насловено „Гојко Јаковлевски“ од Славе Катин е посветено на доблесниот Македонец, бизнисмен, истакнат хуманист и докажан донатор, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, Гојко Јаковлески, алиас Гојко Делчев Рафкин – Гоце Македонски.
Тој е познат политички емигрант кој долги години живееше во Германија, во градот Берлин. Неговото име е познато, признато, уважено и респектирано на низа полиња и децениски потврдено во македонската заедница во Берлин, Германија и пошироко. Гојко е борец за самостојна, независна и обединета етничка Македонија и за обединување на македонскиот народ.
Монографијата е посветена на херојот Гоце Македонски, кој се залага за афирмација на етничка Македонија и етничко обединување. Таквата угледна бизнис личност, вљубеник во македонскиот народот насекаде по светот и во својата татковина Македонија, секогаш го водела светата мисла да остави вечни траги за идните македонски генерации.
Треба да се истакне дека не е лесно и едноставно да се пишува за луѓе кои инспирираат, кои задолжуваат и кои заветуваат, за луѓе кои оставаат неизбришливи траги со животот и со своите дела, кај современиците и кај поколенијата што доаѓаат. Таков е случајот со Гојко Јаковлески, алиас Гојко Делчев Рафкин – Гоце Македонски Македонец од Македонија, од Зубовце, Гостиварско, од Берлин, од целиот демократски свет.
Животната приказна за Гојко започнала во убавотоа гостиварско село Зубовце на 20 февруари 1935 година. Зубовце е населба сместена во подножјето на Шар Планина, од каде тој одамна замина, но никогаш не ги заборави својот роден праг и својата Македонија.
Судбината на своите предци – печалбари ја имаше и Гојко, кој на седумгодишна возраст родителите одлучиле да замине во Софија, во екот на Втората светска војна. Во 1942 година, од Софија во Зубовце дошле Јорде и Филка, братот и снаата на Делче, таткото на Гојко со цел да го посинат, да го земат со нив, да живее во Софија и таму да го школуваат. Во Софија ги поминал младешките години. Таму завршил основно и средно образование.
По завршувањето на средното училиште во Софија, во 1955 година Гојко се вратил во неговата родна Македонија, каде го продолжил неговото образование на Шумарскиот факултет на кој студирал четири години. Меѓутоа, во времето кога бил апсолвент и имал уште два испита, Гојко требал да замине во странство на специјализација. Бидејќи добро го зборувал германски јазик бил одреден да го продолжи образованието во Германија.
Дошол денот Гојко да замине од неговото родно Зубовце во Германија, а тоа било на 19 јули 1961 година. Најпрвин дошол во Белград, а потоа заминал за Германија. Додека патувал со возот имал многу време да размислува, да планира, да се радува, а во исто време и да тагува. Постојано си ги поставувал прашањата: како ќе се снајде во непознатиот свет – Германија, колку ќе му значи специјализацијата, што потоа… Многу дилеми и прашања без одговор.

Инаку, со Монографијата се прави обид да се фрли светлина врз неговиот животен пат. Трудот е компониран во повеќе поглавја, во кои секој дел има по повеќе делови, претставувајќи хронолошка и тематска заокружена целина.
Делото го отсликува Гојко Делчев Рафкин, кој е исклучително голема, позната, призната и неодминлива личност во македонската дијаспора и во Македонија. Тој е без сомнение еден од економски успешните Македонци во светот. Иако подолго време живееше во Берлин, од своето емигрирање до денес тој е длабоко и силно поврзан со судбината, вистината и настаните во Македонија. Гојко е Македонец по националност и православен христијанин по вера.
Тој е еден од најголемите иницијатори и организатори на одбраната на македонското име и вистина. Гоце Македонски е бранителот и афирматорот на историјата на етничка Македонија и честа на македонскиот народ во светот.
Инаку, основоположникот на голем број македонски организации во европските земји, познатиот и признат патриот, кој се одреди Македонија да му биде негова цел и иднина, а за тоа и страдалник – Драган Богдановски, му беше близок пријател и соборец на Гојко Јаковлески. Тие заедно соработуваа за иднината на Македонија и се формирачите на Демократската партија за македонско народно единство, денес како ВМРО-ДОМНЕ.
Гојко Делчев Рафкин насекаде го истакнува своето македонско потекло и македонски корени, и правејќи го тоа со огромна љубов, и непрекината верност кон татковината. Тој го прави тоа за својата најубава библиска земја на Балканот, во јужните поли на европскиот континент, Македонија.
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
