ВЕСНА КАРАПЕТРОВА – АФИРМАТОР НА ПОСТИГНУВАЊАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИТЕ ВО ТОРОНТО (21)

Весна Карапетрова – афирматорот на постигнувањата на иселениците е родена во 1959 година во градот- херој Прилеп – градот под Марковите Кули. Таа го посетувала основното училиште „Кире Гаврилоски“ во Прилеп до крајот на  петто одделение кога во јуни 1970 година имигрирала во Канада. Пристигна во Торонто со нејзините родители Марија и Нонде и помладиот брат Љупчо.

Инаку, родителите на Весна се од Егејсла Македонија. Татко и’ е од селото Ранци, кое е чисто македонско село и се наоќа на околу 20 км од градот Кајлари, во југозападните падини на Планината Каракамен.  Мајка и’ на Весна, пак, е од селото Бесфина, кое се наоѓа во Преспанскиот регион.

Весна е посебно вклучена во „Канадско-македонското историско друш­т­во“ во кое оставила траен белег за македонското историско минато.Имено, таа  ги сними членовите на Друштвото и други Македонци од постарата генерација, со цел тие да се претстават со материјали од своите области, како што се: пред с’е историјата на Македонците во Канада, нивната култура, традиции, јазик, религија во Македонија и во Канада, како и прашања и од други области поврзани живото во нивните родни места во етничка Македонија и во Канада.

Инаку, „Канадско-македонското историско друш­т­во“ е асоцијација во која членуваат Канаѓани од македонско потекло од сите делови на етничка Македонија кои се занимаваат со македонската историја, култура, јазик, литература и воопшто со македонската вистина во минатото и сегашноста. Тоа е формирано во 1991 година од група ентузијасти чиј број постојано расте и привлекува други професионалци и ентузијасти да ги негуваат македонските придобивки.

Со самото доаѓање во Канада,  две години го посетуваше државното училиште “Georg Peck” во Скарборо, предградие на Торонто. Во тој период пред 50 години во училиштата немаше посебни часови по англиски како втор јазик, децата имигранти обично беа враќани 2 години поназад од соодветната возраст, па наместо да оди во 6 одделение, училиштето Весна ја регистрираше во 4-то  одделение. По една година Весна го научи англискиот јазик и училишната администрација одлучи да ја унапреди за едно одделение следната година.

Две години живееле со нејзиниот чичко Јани Петковски и неговото семејство. Нејзиниот чичко го спонзорираше семејството и поради неговата љубезна поддршка, семејството на Весна беше во можност да купи сопствен дом во истото предградие на Скарборо.

Така, oд 7 одделение, Весна започна во новоизграденото средно училиште “John McCrae“. Таа беше многу фасцинирана од новите можности за учење и беше вклучена во школскиот оркестар, во групитe за пеење и учествуваше на натпревари за креативно пишување.

Своето средно образование Весна го продолжи во “Mildland Avenue Collegiate Institute” во Скарборо. Таа беше многу заинтересирана за историјата и за учење на француски јазик. Таму се истакна во своите студии, дипломираше со одличен успех и беше на списокот на стипендисти за 13-то одделениe. Весна, исто така, во 13 одделение доби две награди за одличен успех по историјата и социологијата. 

Весна го продолжи својот академски интерес запишувајќи се на Универзитетот „Јорк“ каде што заврши француски јазик и политички науки. По стекнувањето со диплома таа одлучи да започне наставна кариера и се запиша на Институтот за студии во образованието на Универзитетот во Торонто, Онтарио, каде што се стекна со сертификат за настава од градинка до 8 одделение.

Во меѓувреме Весна стана активна и во нејзината македонска заедница, пишувајќи за весникот „Македонија“ што го издаваше г. Танас Јовановски и весниkoт на Обединетата Mакедонска Oрганизација.

Таа исто така работеше како ко-водителка на вести и како известувач за настани во заедницата на Македонската телевизиска програма на „Омни“ телевизија. Водител на емисијата беше Петре Гиневски, а во продукција на Стен Папулкас. Весна ја изрази својата љубов кон македонската музика со тоа што се приклучи на Фолклорната група „Македонка“

Во најголемиот дел од нејзината 30 годишна кариера Весна беше вработена како наставник во Одборот за образование во Торонто и им предаваше на учениците во различни одделенија. Имајќи го искуството на дете имигрант од Македонија, таа можеше лично да се поврзе со новите деца имигранти, затоа беше специјализирана за предавање на англиски јазик како втор јазик.

Таа специјализираше и за предавање на деца со потешкотии во учењето, а исто така предаваше и “Обнова на читање”, што е специјализирана програма за децата од прво одделение. Последните 10 години пред да замине во пензија, Весна ја продолжи својата кариера во образованието, работејќи како заменик-директор и директор.

Нејзиниот интерес за македонската заедница, како и искуството на нејзините родители кои потекнуваат од Егејска Македонија и беа принудени да ги напуштат своите села, ја мотивираа да се приклучи на Првата македонска канадска група за човекови права кон крајот на 1980-тите. Таа беше во можност да работи заедно со некои од најпосветените и најценетите македонски патриоти, како што е покојниот г-дин Васко Панчаровски, кој беше првиот претседател на оваа новоформирана македонска организација.

 По пензионирањето, таа се приклучи на добротворната организација на “Фондот за помош на децата во Македонија”, која им помага на децата сираци и сиромашните во Македонија. Таа беше во Управниот одбор на Македонската православна македонска катедрала „Свети Климент Охридски“, а подоцна стана секретар на Извршниот одбор.

За тоа време била во можност да учествува во планирање настани во заедницата, како што е Банкетот за Георги Иванов, тогашниот претседател на Македонија. Како секретарка, таа исто така работеше со Извршниот комитет на некои важни реновирања во црквата.

Весна е мажена за Зоран Карапанчев и заедно направија бројни видео интервјуа со постари членови на македонската заедница за „Канадско-македонското историско друштво“ во Торонто, a тоа  беше овозможено благодарение на напорната работа и посветеност на г-ѓа Вирџинија Стојменов. Овие интервјуа се важен дел од историјата на Македонците кои помогнаа да се изгради македонската заедница во Торонто.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН