Претседателот на Собранието ја продолжува официјалната посета на Италија

Продолжува посетата на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши на Италијанската Република. 

Согласно програмата, предвидени се средби со Лоренцо Фонтана, претседател на Долниот дом на Парламентот, со сенаторката Ема Паванели и членовите на билатералната група за соработка со државите од Балканот, со претседателот на Комисијата за надворешна и европска политика, Џулио Тремонти и членовите, како и со претседателот на Комисијата за ЕУ политики, Алесандро Џиљо Виња, и членовите.

Во рамки на програмата, генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска ќе оствари одделна средба со Фабрицио Касталди, генерален секретар на Домот на пратеници на Парламентот на Италијанската Република.

Во Амбасадата на Северна Македонија во Рим, македонската делегација предводена од претседателот на Собранието ќе оствари средба со претставници на дијаспората.

Во составот на делегацијата се Благица Ласовска, Димитар Ковачевски, Мимоза Муса и генералната секретарка Марина Димовска.