ПРАИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНЦИ И НИВНИТЕ АКТИВНОСТИ (20)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ“ ОД АКАДЕМИК АНТОНИЈЕ ШКОКЉЕВ – ДОНЧО И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Меѓу носителите на палеобалканскиот јазик и „Димини културата“ од Подунавје, на просторите на јужниот Балкан, посебно во Пелазгија (Елада), и тоа најпрво во Еолија, подоцна Тесалија, покрај Македоците (стр. 44) и Минијците, биле и:Лапитите, Тироите, Магнезите и Флегите (Томсон, 1954 година, 268 и 283).

Според митолошките и историските податоци, Еолците најнапред го заземале просторот на источните падини на Олимп до Грамос во Македонија и во североисточниот дел на Тесалија, во долниот слив на реката Пенеј. На овие простори на Еолија, во геолошките процеси на Балканот, се наоѓало големото Бебеидско Езеро. Со неговиот постанок се создадени услови за развој на Сескло и Димини културата.

За овие процеси Херодот (VII, 129) истакнува: „Постои една приказна според која Тесалија некогаш била езеро, од сите страни опколена со високи планини. Тесалците тврдат дека Посејдон ја направил клисурата Темпе, низ која тече реката Пенеј, и тие имаат право.

Имено, оној кој верува дека Посејдон ја тресе земјата и дека клисурите кои настанале од земјотресите се дело на овој бог, тој сигурно кога ќе ја види оваа клисура, ќе рече дека тоа е дело на Посејдон. И јас мислам дека оваа пукнатина меѓу планините настанала од земјотрес.” Реприза на панонските геолошки процеси. Значи, на овие простори во праисторијата се доселувале разни племиња од Средно Подунавје и создале една мултинационална заедница.

Својата татковина ја нарекле Еолија и го зеле етнонимот Еолци. Во превод Eolis значи различни, разновидни, мешани, разнородни, шарени, но значи и светол и брзоног. Во подоцнешните историски случувања називот Еолија бил променет во Тесалија, кога Теспроќаните, со пелашко потекло, староседалци од просторот на Епир, поради продорот на Дорците-вистинските Хелени (Херодот, I, 56), мигрирале во 1124 година пред Христа. Меѓутоа, по половина век (1053 година пред Христа) и многу Еолци мигрирале во Мала Азија и на својата нова татковина í го дале името Нова Еолија.

Според Папаставро (1972 година, 16), Еолците како носители на неолитската Димини култура, биле прв индоевропски народ од север, од Средно Подунавје, кои сукцесивно ја населувале денешна Елада и тие биле основачи на првата Троја која Блеген (The Coming of the Greeks, Amer. I. of Arch., Concord, 1897 година, 32-746) ја датира околу 3200-2000 година пред Христа.

Еолците, покрај Тесалија, во текот на времето ги населувале и Беотија, Атика, Пелопонез, Крит и островите. Во митологијата тие се многу познати не само како кралеви на Еолија, туку и на Беотија, Атина, Коринт, Арг, Елида, Пил, Месена, Итака, Родос, Кидонија на запад на Крит итн. Еолците се познати и како први основачи на Олимписките игри пред 776 година пред Христа, како учесници во митот „Каледонски вепар“, во борбите за протерување на Фениќаните на кралот Кадма од Теба (војните „седуммината“ и „епигоните“), во Тројанската војна во 1192 година пред Христа, во експедицијата на Аргонаутите во 1225 година пред Христа, во пренесувањето на своите богови од хидролошкиот систем на Панонија и нивното издигнување на врвот на Олимп итн.

По Тројанската војна, но и подоцна, подунавските Еолци биле првите колонизатори на бреговите на Медитеранот и Црното Море, создавачи на митологијата на Балканот, на Илијада и Одисеја, на обликувањето на животот во античка Елада со создавањето на „полис државите“, на кралставата, тиранијата и демократијата, како и новите општествено-економски односи и на сé она што денес се нарекува „грчка цивилизација“, односно златна епоха на Перикле. Следат легендите за Минијците, Лапитите и Тироите 

Палеобалканското племе Енхелеи е поврзано со митското доселување на Кадма и неговата жена Хармонија од Беотска Теба, меѓу древните жители на западниот Балкан и борбата со Илирите во XIII век пред Христа. Меѓутоа, тие се интересни од повеќе аспекти, а, пред се’, што припаѓаат на единствениот праисториски свет на Балканот и заради објаснување на подоцнежните односи на западните граници на Македонија во историскиот и подоцнежен период.

Името на Енхелеите доаѓа од палеолингвистиката каде зборот  enhelis, што значи јагула, а ehis – отровна змија. Од ова произлегува дека тие претежно се занимавале со рибарство, односно со лов на јагули и биле “јагулари”

Енхелеите биле западни соседи на Македонците и Бригите и се простирале од Преспанското и Охридското Езеро, долж реката Дрим, до заливот Бока Которска. Јужно, Енхелеите го населувале просторот до Кераунските Гори, односно граничеле со Теспоречаните (подоцна Епирци).

Древните Македонци го користеле зборот „Василеус“ за именување на титулата крал

Легендарниот Кадмо, син на фенекискиот крал Агенор, е основач на тврдината Кадмеј и градот Теба во пелашка Беотија, според кажувањата на Ератостен, 1313 година пред Христа. Во длабока старост, Кадмо со својата жена ја напушта Теба и оди во земјата на Енхелеите, а престолот му го препушта на својот внук Пентеј. Доаѓањето на Кадмо меѓу Енехелеите можело да се случи по 1313 година пред Христа.

Во новата татковина тој станал крал на Енхелеите и ги победувал новодојдените варвари Илирите, кои станале нивни северни соседи. По 100 години, т.е. околу 1213 година пред Христа, на Енхелеите им се придружиле и преостанатите беотски Кадмејци, бидејќи биле протерани од страна на Ахејците, од Арг на Пелопонез (Херодот, V, 61).

За религијата на Енхелеите податоците се скудни, но најверојатно како и другите народи на Балканот во тоа време, ги почитувале боговите на Олимп и светилиштата на Додона, во соседната Таспротија. Со доаѓањето на Кадмо, се воведува тетемолатрија (култ) кон змијата, зашто тој “дошол во воловска кола во вид на змија” (Томсон, 1954 година, 80, 180, 2922).

Едно од Енхелејските племиња кое може да се следи и низ историскиот период се Десаретите. Нивната земја Дасаретида ги опфаќала областите Црн Дрим, Охридското и Преспанското Езеро и Девол (Папазоглу, 1957 г. 224). Главен град на Десаретите бил  Лихнид – Lihnida, од Лик, Lihnos – светилка, ламба, борина), денешниот град Охрид на истоименото Езеро.

Други племиња познати во историјата се Пенестите, penestes-слуга, надничар, Пирустите и други. За време на македонскиот крал Филип Втори во 358 година пред Хтиста, Десеретите влегле во состав на македонската држава.

Во војните на македонскиот крал Филип Петти со Римјаните, 197 година пред Христа и понатаму, се споменуваат многубројни градови во Десеретида, како што се  Енхеланај, Пелиум, Лихнида итнт. (Поливје, V, 108, 2(  се’ до V век по Христа.

Во Пелашкиот свет, Пелагонија (кованица од зборовите pel, pelas-блиску, најблизок роднина, pelagus-рамница, езеро, море и зборот gen, gone-раѓање, род) се наоѓа во сливот на западната притока на Вардар (Aksios), Црна Река и Еригон.

Таа ја опфаќа целата денешна леринско-битолско-прилепска (пелагонска) рамница. На запад се граничела со Енхелеите, односно Десаретите, на север со Бригите и Дарданите, на исток со Пеоните, а на југ со Македонците.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН