Известители задолжени за Постмониторинг дијалогот на Република Северна Македонија со Советот на Европа денеска ќе го посетат Собранието каде ќе се сретнат со претседателот на законодавниот дом кој воедно е и претседател на Уставната комисија Африм Гаши и со членовите на неколку собраниски комисии и тела, како и со координаторите на пратеничките групи.
Претставниците на Мониторинг комисијата на ПА на Совет на Европа ќе се сретнат со членовите на Комисијата за уставни прашања, на Законодавно-правната комисија, чиј претседател е Александар Велјановски, на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните, чиј претседател е Димитар Апасиев.
Известителите ќе се сретнат со Никола Мицевски, координатор на ПГ на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата „Твоја Македонија“, со Оливер Спасовски, координатор на ПГ на СДСМ и на Коалицијата за европска иднина, со Блерим Беџети, координатор на ПГ на ДУИ и Коалицијата „Европски фронт“, со Халил Снопче, координатор на ПГ на ВЛЕН, со Бобан Карапејовски, координатор на ПГ на Движењето ЗНАМ и со Борислав Крмов, координатор на ПГ на Левица.