Папата Франциск одигра значајна улога во развојот на односите со Руската православна црква, соопшти Московската патријаршија

Контактите меѓу Руската православна црква и Римокатоличката црква се развиваат активно на сите нивоа во последните години, а личноста на папата Франциско одигра значајна улога во тоа, соопшти денеска Московската патријаршија.

Се надеваме дека „соработката ќе продолжи да се развива и покрај сложените околности што ги доживува современиот свет“, изјави јеромонах Стефан (Игумнов), секретар за меѓухристијански односи во Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија.

Тој потсети на средбата меѓу папата Франциск и рускиот патријарх Кирил во Хавана во 2016 година, која, според него, ги поставила темелите за таква соработка.

Светата столица изутрината преку видео-соопштение објави дека почина поглаварот на Римокатоличката црква.