Голем човек не напушти денес, изјави премиерката на Италија, Џорџа Мелони. Таа додаде дека чувствува длабока тага поради смртта на папата Франциск, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.
„Папата Франциск премина во домот на Отецот. Оваа вест длабоко нè растажува бидејќи не напушти голем човек и голем пастир. Ја имав привилегијата да уживам во неговото пријателство, совети и учења, кои никогаш не ме изневериле, дури и во време на искушенија и страдања“, истакна Мелони.
„Тој го повика светот повторно да го смени курсот и да тргне по пат кој не уништува, туку гради, обновува, штити. Ќе одиме во оваа насока, ќе тргнеме по патот на мирот, ќе го следиме општото добро и ќе изградиме поправедно општество“, додаде италијанската премиерка.