Шчербах: Ако сме принудени, ќе одговориме со реципрочни мерки

Предупредивме дека, ако следат други чекори кои водат кон натамошна ескалација меѓу нашите односи, ќе бидеме принудени да одговориме со симетрични мерки, изјави денеска рускиот амбасадор Олег Шчербах.

Одговорајќи на новинарско прашање по положувањето цвеќе пред споменикот на Јуриј Гагарин во Скопје, Шчербах рече дека протерувањето на рускиот дипломат од Македонија беше избрзан чекор, без детално да се истражи она што го соопшти британската страна.