ВО СИДНЕЈ – ГРАДОТ НА ЏЕЈМС КУК И „НЕПОЗНАТАТА“ ЈУЖНА ЗЕМЈА (29)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Се чинеше дека и ноќта од Сингапур до Сиднеј беше куса. Веќе во утринските часови во далечините се покажаа пустинските предели на Австралија. Од подолгата глетка во пустината, човек има чувство дека на песокот и дивината им нема крај. Како да е таа слика вечна и некаде во близината престанува животот. Меѓутоа, набргу во далечините се појавија првите, веројатно, абориџански живеалишта, потоа помали населби и езерца, рекички, шуми, жито…

Во утринските часови веќе бев над бројни населени места на пат кон Сиднеј. И над овој светски град, веројатно поради зафатеност на аеродромот, авионот направи круг над Сиднеј. Таа прекрасна глет­ка над Сиднеј, а и патувањето во Австралија за мене претставуваше вистински и голем предизвик и своевидна авантура. Беше големо доживување да се види од птичја перспектива “Харбор бриџ”, “Опера Хаус”, високите облакодери, безбројните фјо­р­до­ви и безброј нови населби. Авионот слета на Сид­неј­скиот аеродром кој е во непосредна близина на Бо­тани Беј, каде за прв пат стасал ка­пе­танот Кук, пред нешто повеќе од двестотини години.

Инаку, најмалиот континент – Австралија за­фа­ќа површина од 7 704 159 квадратни километри, со дваесетина милиони жители, од кои над 200 000 се по потекло од сите делови на Македонија. Се нао­ѓа зад екваторот, на јужниот дел на Земјината по­лу­­топ­ка, меѓу Индискиот и Тихиот Океан, југоис­точ­но од Азија. Таа како континент го зафаќа копното на Ав­стралија и островот Тасманија, а по пространство е колку Европа без скандинавскиот дел. Поголемиот дел е пустински, со пространи зелени појаси крај бреговите, со услови за живеење од тропска до умерена клима. Тој е чудниот континент којшто пленува со својата природна убавина, богатство и контрасти.

Во стариот и средниот век се претпос­та­ву­вало дека во јужните мориња постои копно кое сред­но­ве­ковните географи го нарекле на латински Терра Аустралис Инцогнита, што значи “Непозната јужна земја”, откаде го добила името Австралија. Не­сом­не­но е дека Индонежаните во Австралија дошле пред Европејците. До нејзините северни брегови нај­првин дошле Португалците и Шпанците (Де Торез око­лу 1588 година).

Педантните аналитичари забележале дека во Тихиот Океан се наоѓа половината од сите води на Зем­јата. Во него е речиси половината од Земјиниот ек­ватор. Кога на едниот негов брег е ден, на спро­тив­ниот е ноќ. Ветровите дуваат со месеци во иста на­сока без пречки на патот. Големите долги бранови се тркалаат без застој, а од водите на океанот се из­дигаат илјадници острови, обраснати со густа троп­ска шума, заради што личат на расцветани градини што пловат.

Во тоа се уверив при моето долго патување на источната страна на светот, каде се запознав со важ­ните историски настани и собитија. Така, еден од најсмелите морепловци во Тихиот Океан бил хо­ланд­скиот  капетан Абел Тасман, кој, пловејќи, ги зао­би­колил, Австралија и Тасманија. Во првата половина на ЏВИИИ век почнало истражувањето на океанот од Русите. Беринг го препловил северниот дел на Тихиот Океан, којшто сега се вика Беринго­вото Море и ја открил Алјаска. Меѓутоа, сите откри­тија на овие први тихоокеански морепловци биле непознати во споредба со големината на самиот океан. Во втората половина на ЏВИИИ век европските морепловци из­вр­ши­ле низа смели пловидби. Благодарејќи на нив, чо­веш­твото дознало за многу непознати земји. С# по­јасни станувале кенгурите на големиот океан. Многу херои се удавиле, други загинале во битките, а само малкумина умреле дома, во татковината. Но, светот нема никогаш да го заборави бестрашниот мо­ре­пло­вец Џејмс Кук кој мечтаел да открива нови земји во Тихиот Океан, во тој огромен непознат простор за Ев­ропејците.

Со почнувањето на војната меѓу Англија и Франција во 1755 година, Кук како офицер на вое­на­та морнарица извесно време бил во Канада, каде што ја проучувал реката Сеинт Лоренц и бреговите на Њу Фаундленд. Затоа, Лондонското географско друштво го примило за свој член. Друштвото во 1769 година испратило научна експедиција на Тахити во Тихиот Океан, за на 3 јуни да се следи необичната астрономска појава кога Земјата, Венера и Сонцето се нашле на една права линија, а самата Венера се видела на Сончевиот диск. На чело на експедицијата бил Кук  кому на располагање му бил ставен малиот, но одлично граден воен брод “Истрајност”. По ус­пеш­но извршената задача, експедицијата тргнала на југозапад и по долго патување стигнала до бре­го­вите на Нов Зеланд.

avst3

Операта во Сиднеј

За славниот морепловец Кук слушнав и про­читав многу работи. Така, во литературата се ве­ли дека: Кук го продолжил својот пат кон запад за да го проучи источното крајбрежје на Австралија, бидејќи за јужниот и западниот брег нешто веќе се знаело, благодарение на Тасман и некои други холандски морепловци. На 19 април 1770 година за Кук на хоризонтот се појавило австралиското копно. Ниските планини што го затскривале видикот кон внат­решноста на континентот го потсетувале Кук на Јужен Велс, па затоа целиот тој простор го на­ре­кол Нов Јужен Велс. Овде Кук бил преокупиран со правење точна карта, во која го внесувал секој рт, за­лив, остров… Пловејќи кон север, го минал ек­ва­то­­рот и се пробивал меѓу многубројните острови на Го­лемиот Корален Гребен, не насетувајќи каква опас­ност ги демне членовите на експедицијата.

На 25 мај се случил бродолом. Сите топови би­ле фрлени во морето, а водата за пиење истурена. По едно деноноќие непрекината работа во црпење на водата што навлегувала, со следниот највисок при­лив, бродот се ослободил од подводните карпи и запловил кон брегот. Несигурни на австралискиот брег од непријателски расположените домородци, се упатиле на островот Јава, во градот Батавија – холандска колонија, поминувајќи низ протокот меѓу Но­ва Гвинеја и Австралија. Патем многу од патниците ум­­реле од скорбут и маларија. Откако бродот бил ос­пособен за пловидба, останатите го продолжиле патот по веќе добро познатите мориња. Зао­би­ко­лу­вај­ќи го ’ртот Добра Надеж на југот на Африка, тие влег­ле во водите на Атлантскиот Океан и на 12. 06. 1771 година, по речиси тригодишно отсуство, се вра­тиле во Англија.

Името на Кук се прочуло во цела Англија. За него пишувале сите весници. Книгите во кои се опи­шу­вало неговото патување веднаш се рас­про­да­ле, а се преведувале на многу јазици. Целиот учен свет бил возбуден: астрономите, ботаничарите, зоо­ло­зите, геолозите и другите научници, но најмногу гео­гра­фите, кои одамна немале добиено толку дра­го­цени податоци. Точно определените брегови на Авс­тра­лија и Нов Зеланд ја исполнија огромната бела по­вршина на сите карти.

Во 1770 година, Џемјс Кук подробно ја испитал и ја прогласил Австралија за англиски посед. Во тоа време Австралија имала неколку стотици илјади домородци изолирани од цивилизацијата со илјад­ни­ци години и со крајно низок степен на развиток. Осум години потоа, во 1778 година бил испратен пр­виот конвој од транспортни и товарни бродови со 717 затвореници под командата на капетанот Филип, со што почнала колонизацијата на таа нова земја.

Прва европеизирана област била Порт Џек­сон, формирана во 1778 година од англиски зат­во­ре­ници, а на крајот од ЏВИИИ век и во почетокот на ЏИЏ век се доселиле многу колонисти од Европа, особено од Англија и во тоа време се формираат самоуправни колонии како: Нов Јужен Велс (1788), Тасманија (1825), Западна Австралија (1829), Јужна Австралија (1835 – 37), Викторија (1851), Квинсленд (1859) и Северната Територија во 1863 – 64 година. Почнувајќи од 1855 година, колониите стекнуваат толкава самостојност  што во секоја постепено се формирала уставна влада со парламент. Во 1901 година сите колонии го формирале Австралискиот сојуз, освен Северната Територија, која се приклу­чи­ла 10 години подоцна, добивајќи статус на бри­тан­ски доминион.

Кога се формира сликата за Австралија во која моите патувања беа врзано со активностите и пос­тиг­нувањето на Македонците, не е на одмет да се додадат и некои други податоци за оваа земја. Така, главен град на Австралија е Канбера и се наоѓа на територијата на федералната влада. Сиднеј е главен град на Нов Јужен Велс, Мелбурн на Викторија, Бриз­бен на Квинсленд, Аделаид на Јужна Ав­стра­лија, Перт на Западна Австралија, Хобарт на Тас­ма­нија и Дарвин на Северната Територија. Најголеми пла­нини се Австралиските Алпи и Сините Планини на исток и југоисток. На овој континент има степи, по­лу­пус­ти­ни и пустини (Големата песочна и Го­ле­ма­та Вик­то­риина пустина). Таму владее тропска кли­ма на се­вер, умерена и суптропска на југ и на ју­го­ис­ток, а троп­­­ско – пустинска и степска во најголемиот дел на континентот, со мало количество врнежи. Реки има малку, од кои најголема е реката Мери со дес­на­­та притока Дарлинг, долга 3 490 км и која се влева во Индискиот Океан.

Нашите домаќини се потрудија да видиме поголем број знаменитости и карактеристики на Сиднеј , но и да се запознаеме со животот и активностите на Македонците. Така, разговаравме со претставници на Македонскиот просветно-училиштен одбор, кој имал за цел да ги координира сите македонски училишта таму каде што живееле Македонци; да израбо-тува годишни наставни планови и програми од I до  XII одделение и да одржува семинари по македонски јазик.

Првата настава по македонски јазик се извела во мај 1976 година во населбата Њутаун и дека Македонскиот просветно-училиштен одбор за Нов Јужен Велс со успех работел од 1978 година. Тој давал голем придонес во образованието и воспитувањето, како и всадувањето љубов кај децата од македонско потекло кон дедовската земја и бил чувар на македонскиот јазик, литературата, културата, обичаите, традициите…

Бевме информирани дека Одборот бил единствена македонска институција од таков вид надвор од Македонија која опфаќала повеќе од 30 наставници во етничките училишта со околу 1.400 ученици, како и трие-сеттина наставници, еден координатор и повеќе од 600 ученици во саботните средни австралиски училишта во Сиднеј, Њукасл, Вулонгонг и Квинбијан.

Иницијативата за формирање на Македонскиот просветно-училиштен одбор ја дале наставниците кои ја изведувале наставата по македонски јазик во Етничкото училиште во сиднејската населба Њутаун, која почнала со работа во мај 1976 година. Истата година во јуни во насел-бата Јагуна, а подоцна и во други училишта во населбите Кенливејл, Анклиф и во Сент Џорџ, се формирале нови училишта. Идејата за формирање на Одбор била поддржана од црковната управа на МПЦО „Света Петка“ од Рогдеил и од другите македонски асоцијации во Сиднеј.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН