ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ“ ОД АКАДЕМИК АНТОНИЈЕ ШКОКЉЕВ – ДОНЧО И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН
Што се однесува до земјата на Хиперборејците, таа била многу богата со злато (реката Мајданпек), кое го чувале митски птици со големина на волк, Грифони-Грипес (grips-gripos). Грифоните биле волшебни птици со четири нозе, чувари на златото на Хиперборејците.
Тоа биле суштества кои во себе ги спојувале најсилната птица-орелот и најсилниот четвороножец-лавот и биле симбол на најголемата животинска сила. Најчесто се поврзувале со Аполон, Дионис или Артемида и биле чувари со божествена сила и постојана будност (Херодот, IV, 13).
Од кажаното може да се заклучи дека Бореите и Хиперборејците (Северци) биле многу присутни и познати не само во митологијата на античкиот свет на Балканот, туку и во теогонијата, историско-општествените случувања, комуникациите и др. Херодот (IV,32) ги лоцирал северно од планината Бореј, подоцна Хемос и Балкан и југозападно од Скитите и Исидонците, значи негде во Подунавјето.
Меѓутоа, во египетските споменици како народи од „север“ не се наведуваат Хиперборејците, туку Дануните. Значи, тие се јавуваат и пред Хомер (VIII век пред Христа), уште во 1400 г. пред Христа, во документ од Дел Ел Амара, заедно со народите под имињата Шакалаши и Сардани (Childe, 1926 г., 63,72). Шакалашите веројатно биле скитско племе Саки, додека Шарданитите биле Лиџани Сарди, подоцна жители на островот Сардинија во Медитеранот.
Етимолошки зборот Дауни произлегува од Дан или Зан, кои се коси падежи од зборот Зевс или Дие. Зевс бил крал на боговите и луѓето, а негови деца биле Аполон, Артемида, Атена итн. Во антиката, горниот дел на најголемата река на Балканот и Европа на латински се викал Danubius, додека, пак, долниот дел се викал Истар (istros)
Зборот Данубиус е кованица од генитивната форма на зборот dan-danu (бог-на бог) и bios-живот. Покрај Нил и Фасис, од античките географи Дунав е означен како една од најголемите реки во светот.
Значи, Данубиус означува Божја река на животот каде живееле Подунавците, т.е. Дануните. Како народ Дануните се споменуваат и подоцна, на пример во египетскиот натпис во храмот Мединет Хабу во Теба, во знак на благодарност кон Рамзес III кој во 1194 г. пред Христа ги одбил непријателските напади на „народот од море“ и копно.
Меѓутоа подоцна, речиси по десет века повторно, и тоа за последен пат, Хиперборејците се евидентирани во античката историја за време на наездата на Келтите во Македонија и Грција. Келтите имале цел да го ограбат Аполоновото светилиште во Делфи. Во есента 279 г. пред Христа. Келтите, под команда на Бренон, биле поразени од македонската војска. Во оваа борба учествувале и Хиперборејците (Дануните) под команда на Лаодок (Паусанија, Х, 23, 2).
Во понатамошната историја се губи етнонимот Хиперборејци и хоронимот Хипербореја, за жителите и територијата меѓу Дунав и балканските планини. Меѓутоа, се јавуваат синонимите Миси и Мези за популацијата на овој дел од Балканот. Етимолошки Мисите, Моесите или Мезите имаат основа од мис, mios-глушец, или mio-да затвори, односно мис, латински musculus-мускул.
Меѓу тројанските сојузници (X, 430) се набројуваат „Теонците, Карците, прекрасните Пелазги, Кауконците, Ликијците и жестоките Мишани (т.е. Мези)“. Тој, исто така, во XIII (5) песна, за Мишаните зборува како за „борци од блиску“. Страбо (VII, 3, 2-10) смета дека тие биле европски Мизи кои за време на римските освојувања биле познати како Мези.
Во Хомеровиот период, под името Мисија (Мизија) постоела и покраина во северозападна Мала Азија, која се простирала од Есеп до Олимп, а потоа се делела на Голема и Мала Азија.
Еден од кралевите на областа Мизија бил Теутрант (Τευθρας-tevtρas-оној кој крши), во долниот дел на реката Кајка (Καικα καικιας-северен ветер). Каишката рамница била најплоден дел на Мизија. Него го наследил Телеф (Τηλεφος од τηλε-далеку и υφος, φος, φοτος-маж, јунак), основач на пергамската кралска лоза. Владеел со Месија кога Грците тргнале во Тројанската војна.
Се борел јуначки и ги потиснал Грците во лаѓите, но бил ранет од Ахил. Кога раните му биле излечени, во втората грчка експедиција, Телеф среќно ја довел нивната флота до брегот на Троја. Судбината на Телеф е предмет на обработка во трагедиите на Софокле.

Ископини во Будимпешта
Деца на Телеф се Тархон (Ταρχων), Тирен (Τυρρην) и Рома (Ρωμος-сила, храброст). Тоа се оние кои ги воделе Етрурците во областа на средна Италија, подоцна наречени Тиренија и Етрурија (Страбон, V, 2,2). Истовремено тоа е период кога Дануните и Мезите се преселиле од Подунавје и централно-балканските простори во Мала Азија; во миграциските бранови на народите исчезнале Хетитите, меѓу XIII и XII век пред Христа, но секако пред Тројанската војна.
Дел од Дануните ја населиле Киликија, Бригите мигрирале во Фригија или Горгија, Мезите во Тројада и Сирија, Беотите од јужен Пинд во Дриопија, која подоцна, според нив, е наречена Беотија, Теспротите од Додона во Тесалија итн.
Современите истражувачи на Сахара тврдат дека пронашле бледокожни Нубијци во Египет, кои велат дека потекнуваат од Дунав. Во тие бурни времиња и племето Мосни, од пределот на Поречка Река кај Горни Милановац на Дунав, каде и сега постои селото Мосна, мигрирало во Мала Азија на Црното Море, западно од Трапезунт, по името Мосиники.
Ова име го добиле по тоа што живееле во дрвени куќи слични на кули. Мосиники е кованица од: μοσσυν-υνος, дрвена кула и οικος, οικοι-ikos, iki-куќа, дом, родно место, татковина. Гревс (1990 г., 244) изнесува дека Бригите во Македонија уште се викале Мојсинеци, што упатува на заклучок дека дел од оваа популација мигрирале во околината на Преспа.
Некои келтски племиња во IV и III век пред Христа основале населби во долината на Сава и Дунав, од кои позначајни се Сингидунум (Белград) и Капедунум (Ужице). Тие биле и носители на културата на младото железно доба (Powell, 1989 г.).
Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН