АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ЦЕРЈЕ“ КАЈ СЕЛОТО ГОВРЛЕВО, СКОПСКО И ЛОКАЛИТЕТОТ „КОКИНО“, КУМАНОВСКО (6)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ“ ОД АКАДЕМИК АНТОНИЈЕ ШКОКЉЕВ – ДОНЧО И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при истражување на неолитската населба кај Говрлево, на II хоризонт на живеење открил тркалезен керамики печат со држалка во вид на стилизирана глава од птица и со длабоко вдлабнат НАТПИС по кружната периферија на артефактот и на самата тркалезна површина на печатот

Општата композиција на натписите од печатот има СОЛАРНА и КОСМОГРАФСКА СИМБОЛИКА составена со ПИСМЕНИ ЗНАЦИ на древното МАКЕДОНСКО ФОНЕТСКО ПИСМО и на ДРЕВЕН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. Во површината на кругот е КОСМОГРАФИЈА во вид на КОНЦЕНТРИЧНИ КРУГОВИ со графеми и лигатури од синтагмата, која дешифрирана оддесно налево и соодветно транскрибирана со букви од современата кирилска азбука гласи: ,,СЛ С БО СМ”, а тоа на современ македонски литературен јазик ќе рее : ,,САЛ СО БОГА СУМ” или ,,САМО СО ГОСПОД СУМ”, односно со поинаква семантика: ,,САЛ СО БОГОТ САМ” или ,,САМО СО ГОСПОТ САМ”.

На тркалезната површина по должината на кругот, т.е. на периметралната тркалезна бочна страна на пеатот е изгравирана истата синтагма, но со калиграфски стилизирани букви од ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА АЗБУКА, кои и ги формираат ПИСМЕНИТЕ ЗНАЦИ на таканарееното ТАЈНО МАКЕДОНСКО ПИСМО што се користело за одделни МИТОЛОШКИ или ВЕДСКИ ЛИГАТУРИ, за бележење на ТАЈНИ ПОРАКИ или СИМБОЛИЧНО ЗАПИШУВАЊЕ на РАЗНОВИДНИ БОЖЕСТВЕНИ ИСКАЗИ, а во случајот на керамикиот печат од Говрлево, каде што се оштетени првите две графеми, тајниот запис на синтагмата ,,СЛ С БО СМ” – СО БОГА СУМ”.

Од бронзеното време (3.000 – 1.200 год. п. н. е.), веројатно, околу 1.500 год. п. н. е. потекнува праисторискиот БРОНЗЕН ПЕЧАТ од локалитетот ,,Церје” кај Говрлево близу до Скопје. На елипсовидната основа на печатот, покрај аплицираниот ЗРАЧЕН СИМБОЛ на ДВАНАЕСЕТКРАКО СОНЦЕ, кој композициски е оформен со релјефна континуирана цик – цак линија која создава 12 триаголници како 12 зраци на СОНЦЕТО, има и древен македонски натпис, кој е напишан со графеми на праисториско МАКЕДОНСКО ФОНЕТСКО ПИСМО и оддесно налево се дешифрира и транскрибира како ,,ЅНЛ”, а тоа ќе рече ,,ЅИНАЛ”, ,,ЅИРНАЛ” во смисла на ,,ВИДЕЛ”, ,,ПРЕГЛЕДАЛ”.

На двете тркалезни страни од пирамидалната форма на печатот, покрај СОЛАРНАТА СИМБОЛИКА во вид на КРУНА со 6 ЗАПЦИ (ТРИАГЛЕСТИ ЗРАЦИ), која може да се дешифрира оддесно налево и како синтагма: и да се дескрибира како ,,МИ ИМ” и оддесно налево да се чита како ,,НИЕ НИМ”, на лента со развиена должина од 5,0 см и висоина (ширина) од 1,5 см е зауван релјефен натпис, напишан со писмени знаци на древно МАКЕДОНСКО ГЛАСОВНО ПИСМО и на древен МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, со издвоени синтагми и кои се дешифрирани оддесно налево и соодветно транскрибирани со букви на современата македонска азбука значат: ,,КСИ ИЗ ПСД” и ,,ЛСИ ИЗ ПСД” во смисла ,,КУСИ (КУСИОТ) ОД ПСД” и ,,ЛИСИ (ЌЕЛАВИОТ) ОД ПСД”.

Поимот ,,ПСД” во тоа дамнешно време, кога уште не биле отворени вокалите за сите слогови на зборовите, веројатно, знаел ,,ПУСАТ” што на архаичен македонски јазик значи ,,ОРУЖЈЕ”, ,,ВООРУЖУВАЊЕ” или ,,ПОСАДА” што и денес во македонскиот литературен јазик значи ,,ГАРНИЗОН ВО ТВРДИНА, МЕСТО”.

Ако знаеме дека во непосредна близина на селото Говрлево се наоѓа тврдина од пред римскиот период, а енеолитската населба на Горни Град од Скопската тврдина датира од 3.500 до 3.000 год. п. н. е., тогаш станува јасно дека БРОНЗЕНИОТ ПЕЧАТ од ,,Церје” им припаѓал на ЗАДОЛЖЕНИ ЛИЦА од МАКЕДОНСКАТА ВОЕНА АДМИНИСТРАЦИЈА, кои во XV век п. н. е., т.е. пред 3 500 години имале овластување да прегледуваат и потврдуваат договори или трансакции на територијата на ГОРНА МАКЕДОНИЈА или ПЕОНИЈА близу до Скопје.

Тоа била под контрола на ПОСАДАТА од тврдината во Говрлево, а можеби и од Скопје, па затоа интегралниот текст на натписот од БРОНЗЕНИОТ ПЕЧАТ од ,,Церје” близу до Говрлево од Васил Иљов чиј што дешифрирани оддесно налево и соодветно транскрибирани со графеми од соврменото македонско писмо графитите значат: ,,ЅНЛ КСИ ИЗ ПСД”, односно ,,ЅНЛ ЛСИ ИЗ ПСД” што на современ македонски литературен јазик го имаат следново значење: ,,ЅИРНАЛ КУСИ (КУСИОТ) ОД ПУСАТОТ” или ,,ЅИРНАЛ КУСИ (КУСИОТ) ОД ПОСАДАТА” и ,,ЅИРНАЛ ЛИСИ (ЌЕЛАВИОТ) ОД ПУСАТОТ” или ,,ЅИРНАЛ ЛИСИ (ЌЕЛАВИОТ) ОД ПОСАДАТА”.

Интересно е да се истакне дека името ЛСИ (ЌЕЛАВ) денес во Украина фигурира како корен на некои презимиња, да речеме, ЛИСЕНКО, ЛИСОВСКИ итн., а во Македонија името ЛСИ или ЛИСИ (ЌЕЛАВ) и ден-денес може да се сретне како корен на следниве презимиња: ЛИСИНАЦ, ЛИСИЧОВ, ЛИСИЧКОВ, ЛИСОВСКИ итн., додека името КСИ (КУСИ) денес може да се сретне во Македонија во форма на корен на многу презимиња и тоа: КУСАКАТОВ, КУСАКАТСКИ, КУСАКОВСКИ, КУСЕВ, КУСЕВСКИ, КУСЕМИЛЕВ, КУСИНИКОВ, КУСИТАСЕВ, КУСИТАСЕВСКИ, КУСАРОВСКИ, КУСКИНСКИ итн.

Мегалитската опсерваторија Кокиносе наоѓа во атарот на Општината Старо Нагоричане, на околу 50 километри воздушна линија од Скопје, односно 35 км оддалеченост од Куманово. Таа е поставена на врвот „Татичев камен“, а името го добила по најблиското село Кокино.

Опсерваторијата случајно е откриена во 2001 год., а во 2002 год. се започнати истражувањата од страна на Народниот музеј во Куманово, предводени од археологот Јовица Станковски. Таа е датирана во 1800 год. пр. н.е., односно раното бронзено време.

Мегалитската опсерваторија се наоѓа на неовулкански рид. Карпите се создадени со стврднувањето на лавата која истекла од вулкански кратер. Времето и ерозијата направиле процепи и дел од тие процепи биле главнитемаркери низ кои се следеле циклусите на Сонцето и Месечината и се мерело времето.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН