ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА
Крис Павловски е канадско американски бизнисмен чии родители се од Македонија. Тој е основач сопственик на светската платформа Рамбл компанијата која е дизајнирана како алтернатива на YouTube. Таа е дел од акционерската структура во која се членови и Хауард Лутник, новиот министер за економија на САД и ЏД Венс потпретседател на САД. Тие се дел од новата администрација на претседателот Трамп, а Крис Павловски е еден од блиските поддржувачи на претседателот на САД, Доналд Трамп и дел од неговиот тим.
Крис Павловски е роден на 17 август 1990 година во Торонто, Канада. Тој е роден и израснал во Торонто, меѓутоа, неговото потекло му е од патриотско македонско семејство. И мајка му и татко му се родени во Македонија, затоа тој брзо се навикнал и ги прифатил македонската култура, обичаи, јазик иако живеел и израснал во Канада. Како Канаѓанец го сакал хокејот, а игра хокеј и денес.
Според податоците за Крис Павловски, средното образование го стекнува од 2001 година, а од 2006 година се стекнал со високо образование. Имено, за време на неговите адолесцентни години, бил запознат со чудата на интернетот и прилично се занимавал со програмирање на компјутери. Тоа било причина да студирал на Универзитетот во Торонто, а во исто време да го започн она што значи страст за градење веб-страници. Неговата страст за компјутерите и програмирањето започнала кога имал околу 14-15 години, кога компјутерот и сè што било поврзано со него му станале опсесија. Градел полиња на компјутерот практично секој ден, притоа играл и се забавува.
Според податоците на Светскиот македонски конгрес, за Крис Павловски се говори дека е новиот Цукерберг. Неговата апликација Рамбл (Rumble) моментално е на прво место на Play Store во Америка, излезена и на берзата.
Крис Павловски е ко-основач на Cosmic Development и моментално е вршител на должноста главен извршен директор и основач на Rumble.com. Пред Rumble, тој работел за Microsoft Corporation, светски лидер во развојот на компјутерски софтвер и студирал на Универзитетот во Торонто.
Крис Павловски беше и во Одборот за Следен џин скок, компанија за вселенско истражување, која се натпреварува за наградата Google Lunar X од 30 милиони долари. Тимот на Следен џин скок вклучува вселенски ентузијасти како поранешниот астронаут на НАСА Џефри Хофман. На институционален фронт го вклучува МИТ (Технолошки институт во Масачусетс) и на корпоративен фронт: Корпорацијата “Сиера Невада”, корпорацијата “Дрејпер” и корпорацијата “Аурора”.
Крис Павловски беше избран за финалист за наградите Ernst & Young Entrepreneur of the Year 2010. Тој е член во одборот на Every Day Child, непрофитна добротворна организација. Исто така, тој е член во советодавниот одбор на Вториот слој; апликација за социјално коментирање и седи во високиот одбор на „Македонија 2025“.
Компанијата Rumble основана и водена од Македонецот Крис Павловски кој живее во Торонто, се појави на Nasdaq по договорот за преземање со компaнијата Cantor Fitzgerald’s CF Acquisition Corp. VI (Nasdaq: CFVI)


Крис Павловски со Донал Трамп и со Христијан Мицковски
Rumble е неутрална платформа за публикување видео материјали без цензура со фокус на слободата на изразување, која воедно им помага на креаторите да го промовираат својот видео материјал како и да заработат од истиот.
Во изминатите години платформата Rumble добива се’ поголемо внимание и бележи драстичен раст на корисниците од месец во месец од 1,6 милиони просечен број на месечни корисници во 2020 до 36 милиони просечен број на месечни корисници во третиот квартал на 2021 година со тренд на раст кој продолжува.
Трансакцијата со која се официјализира ова спојување изнесува 400 милиони американски долари кои вклучуваат 100 милиони долари во капитализација преку купување на акции во вредност од 10 долари по акција и 300 милиони кеш во “труст” сметката на CFVI. Со оваа трансакција компанијата Rumble се вреднува 2,1 милијарда американски долари. Основачот и генерален извршен директор Крис Павловски го задржува контролниот пакет на гласови за да ја спроведе неутралната мисија на Rumble во име на сите акционери.
Крис Павловски во Македонија има своја компанија Cosmic Development со седиште во Скопје, која е прогласена за втора најдобра компанија во Македонија.
На 20 февруари 2025 година, компанијата на канадско-американскиот бизнисмен со македонско потекло, Крис Павловски, отвори подружница во Македонија. “Рамбл клауд“ е регистрирана на адреса во центарот на Скопје, а нејзини управители се самиот Павловски и Брандон Александрофф од Тронто.
Според податоците, пак, на Обединетата македонска диаспора (ОМД), Павловски важи за човек близок до актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Исто така, треба да се потенцира дека основна дејност на компанијата “Рамбл клауд“ е “компјутерска инфраструктура, обработка на податоци, серверски услуги и сродни дејности“ и таа е замислена како алтернатива на “Јутјуб“.Дел од акционерската структура на компанијата “Рамбл” се и Хауард Лутник, новиот министер за економија на САД и ЏД Венс потпретседател на САД .
Капиталот на Крис Павловски од списанието “Форбс“ е проценет на 1.2 милијарди долари. Toj е прогласен за почесен доктор на науките во областа на дигиталната комуникација на Меѓународниот универзитет Европа Прима во Македонија.
На 20 мај 2024 година, Светскиот Македонски Конгрес донесе одлука највисокото семакедонско признание во 2024 година – почесната титула Македонски сенатор, да му ја додели на Крис Павловски.
Исто така, Крис Павловски како добар пријател на премиерот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицковски, на средбата во Вашингтон разговарале за можностите за соработка во дигиталниот сектор и дигиталните реформи кои треба да ги спроведе македонската држава со цел да се подобрат услугите кон граѓаните и да имаат поедноставување на нивниот живот, фокусирајќи се на дигиталната слобода и трансформација на македонското општество. Тие разговарани и за повеќе можности за економска соработка во различни области во Македонија
Притоа, Крис Павловски изјавил дека во моментот нивната конкурентска предност е во сопствените системи и патентирани формати за рекламирање што ги имаат произве-дено. Едно од најголемите достигнувањата на нивната компанија е нивниот формат за видео рекламирање на патенти. Кога се има сопствен, патентиран формат, тој и обезбедува на компанијата издржлива конкурентска предност за времетраењето на тој формат на рекламирање. Покрај нивните патенти, создадале сопствени системи кои им овозможуваат на креаторите на содржини да ја монетизираат нивната содржина. Значи, генерално кажано, исклучително е важно да се создаваат нови работи што никој друг не ги прави.
Според негово мислење и долгогодишното искуство, треба трендот да се движи кон денешните прилики за да им се овозможи на корисниците да ја преземат контролата врз нивната содржина. Тој верува дека социјалните платформи како Фејсбук и видео платформите како YouTube ќе треба да го сторат истото.
Инаку, првичната инвестиција на Cosmic Development (Космички развој) требаше да се направи во Индија, но по неколку разговори со мојата сопруга и по средбите со некои поединци во Македонија, вклучувајќи го и Илчо Бојчевски, го основав Космик Девелопмент во Скопје, Македонија. Што се однесува до инвестирањето во Македонија, топло би препорачал да се воспостават врски со некој што го разбира македонскиот пејзаж и јазик. Во однос на предностите, Скопје ја нуди најталентираната ИТ работна сила што некогаш сум ја видел. Иако пазарот е исклучително мал во споредба со Индија, квалитетот на трудот ги надмина моите очекувања.
Пишува: СЛАВЕ КАТИН