Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се обрати на отворањето на 12. Глобален форум во Баку насловен „Преиспитување на светскиот поредок: Претворање на предизвиците во можности“.
Сиљановска-Давкова на Баку форумот ќе има обраќање и на панелот „Пактот за иднината на Обединетите нации: градење на нов глобален консензус“. На форумот ќе се дебатира и на панели на темите: „Геополитички промени: Одговорни партнерства наспроти ривалство“ и „Реосмислување на мултилатеризмот за мултиполарен свет“.
Се очекува присуство на околу 400 учесници – актуелни и поранешни шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации и на граѓанското општество.
Форумот се одржува во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, а мешу говорниците на отворањето се најавени и претседателите на Азербејџан, Илхам Алиев, и на Албанија Бајрам Бегај, претседавачот на Претседателствот на Босна и Херцеговина Жељка Цвијановиќ, генералниот секретар на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус,…
Претседателката Гордана Сиљановска Двакова, во рамки на официјалната посета на Азербејџан, во изминатите два дена имаше средби со нејзиниот домаќин Илхан Алијев, претседателката на Националното Собрание Сахиба Гафарова и со премиерот Али Асадов. На средбите е иницирано потпишување декларација за стратешко партнерство и соработка што ќе премине во договор со фокус на енергетиката и економијата.