120 ГОДИНИ ОД АНДАРТСКИОТ КОЛЕЖ ВО ЗАГОРИЧАНИ, КОСТУРСКО

Познато е дека според своите карактеристики и обичаи, јазично и етнички македонскиот народ ѝ е туѓ на Грција. Од тие причини грчката буржоазија од првиот момент од 1913 година ја проширила својата власт над Егејска Македонија, изградила политика на физичко истребување на македонскиот народ и менување на етничкиот состав во своја корист. Грчката буржоазија, со намера да го избрише секој белег што потсетува на македонскиот карактер на Беломорска Македонија, во ноември 1926 година донела Закон за замена на македонските топоними со грчки имиња на селата и градовите, називите на планините, полињата, реките, на сé што е македонско. Меѓутоа, Беломорска (Егејска) Македонија има своја историја, минато, сегашност и иднина.


Повеќедеценискиот процес на етничко чистење, елинизација, бришење на македонската историја и нејзиното толкување според елинските големодржавни потреби е процес на бришење на македонскиот национален идентитет и постоење. Егзодусот на Македонците од Егејска Македонија како последица од Граѓанската војна и од елинските (грчките) репресивни режими, спаѓа во редот на најтрагичните етнички чистења направени врз еден народ во најновата европска историја. Затоа, често се вели дека судбината на Македонците од Егејска Македонија е трагедија од Шекспир.


Заради остварување на елинските мегаломански идеи, Македонците од цела Беломорска Македонија, особено од 1913 година по поделбата на Македонија, се изложени на физичка и духовна репресија, која низ различни форми, но со непроменети цели, трае до ден-денес. Се обезличува и деноминира македонскиот народ и неговиот национален идентитет низ перманентна елинизација. Затоа, не се дозволи враќање на илјадниците протерани македонски иселеници, со цел да се прикаже македонската историја како елинска.


Овој пат ќе се задржиме на трагичната судбина на селото Загоричани (Згоричане) (на грчки преименувано во Василиада), кое е познато како место на многу масакри врз македонското население, поради кои селото се споменува во познатата македонска народна песна „Народе македонски“.
Селото Загоричани е едно од најголемите македонски села во Костурската околија. Расположено е североисточно од градот Костур и јужно од Лерин. Одалеченоста од Костур изнесува околу 20 километри. Сместено е на падините на планината Вич, на гребенот наречен Рамна, југозападно под врвот Врбица.


Како едно од најголемите македонски села чии жители се истакнувале со својата македонска национална свест и посветеност кон Македонија, Загоричани претрпело многу страдања, како масовни убиства – колежи на населението, уништување и спалување на куќите и целото село. Тоа наполно било изгорело во времето на Илинденското востание, кога неговите двокатни убави куќи, турската војска ги претворила во урнатини, а биле убиени и 25 селани.


Меѓутоа, според пишаните документи 15 март 1905 година, е забележан како датум кога е извршен голем колеж извршен од грчките андарти. На тој трагичен датум биле убиени шеесет и двајца селани. Но сигурно биле повеќе жртви, бидејќи Каравангелис во неговите мемоари се фали дека биле убиеби 79 комитаџии (деца од 4 и 10 гидини, жени и старци од 70-80 години за него се комитаџии), а селото било запалено. При масакрот жителите на селото жестоко се бранеле со вили, секири и друго, бидејќи немале оружје затоа што турците го собрале по неуспехот на Илинден.По ова масовно клање, започнало големо иселување на Македонците во прекуокеанските земји, со што бројот на населението почнал да опаѓа.


Веднаш по добиената информација за масакрот во Загоричани, во селото го посетил жандармерискиот офицер Козма Елилио Манера, а четири дена потоа пристигнала и комисија која бил составена од битолски конзули, италијански и турски офицери. Тие потоа ќе го опишат ужасот кој зад себе го оставиле грчките андарти.


Се чини, еден од најмаркантните датуми за ѕверствата што ги правеле грчките банди против мирното македонско население е, секако, масакрот во Загоричани во 1905 година. Тој бил извршен во етнички чистото македонско село Загоричани, Костурско од страна на грчките андарти. Таа трагедија селото ја доживеало пред 120 години, на христијанскиот празник Благовештение на голем празник кај македонскиот народ е познат и како Благовец, Благоец Пресвета Богородица на 15 март 1905 година. Тој, Блошчојне и сл. Интересно е да се спомене дека црквата во Загоричани го носи името „Воведение на Пресвета Богородица“.


Според пишаните документи, пред Балканските војни селото Загоричани имало 300 куќи. Меѓутоа, на местото на иселените Македонци, грчките власти во 1924 година населиле 25 бегалски семејства (просвиги) од Мала Азија. Загоричани повторно настрадало за време на Втората светска војна и за време на Граѓанската војна, кога биле убиени 62 Македонци, а други 242 биле принудени да побараат засолниште во Република Македонија и во некои источноевропски земји.


Исто така, треба да се нагласи дека во Загориќане имаше уште еден колеж во 1949 година, кога во мај месец жителите на Загоричани биле иселени од селото и сместени шест месеци под ведро небо во провизорен концетрационен логод на полето до соседното село Горници (денес со име Корисос) ограден со бодликава жица и стражи од воени и полоциски лица. Во тој период од шест месеци полицијата и војската издвоила 15 жени – сопруги, мајки, вереници, сетри на партизани и три мажи –татковци и сите биле ѕверски ликвидирани на непозната локација.


Во исто време празникот Благовец е поврзан со доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег. За кукавицата се вели дека и таа радувајќи се на овој благословен ден отвора уста и кука но никогаш не кука пред Благовец како што пупал пупунецот.


Токму пред 120 години, на празникот Благовец, околу 300 грчки андарти, заборавија дека имаат христијанска вера, се претвориле во ѓавови, го запалиле селото, а населението го масакрирале. На тој голем христијански ден андартите убиле шеесет и двајца селани (жени, деца, старци), имало многумина ранети и биле запалени повеќе куќи. За жал, трагичниот масакр на големиот христијански празник Богојавление на Пресвета Богородица го организирал костурскиот митрополит Германос Каравангелис, затоа што наводно еден дел од населението во Загоричани ја прифатило Бугарската егзархија, (немале своја Македонска православна црква).


Всушност, селата во Егејска Македонија како Загоричани кои активно зеле учество во Илинденското востание и се откажале од Цариградската патријаршија, станале пречка за остварување на грчката мегали идеја. Поради тоа, андартот Георгиос Цондос, познат како капетан Вардас, решил да го казни селото. Според Стаматис Раптис, кој пишува за активностите на грчката пропаганда, на андартите им било наредено да ги убијат сите жители на селото над 16 години. Дури и самиот Каравангелис признал дека обезбедил список на истакнати поединци кои Капетан Вардас морал да ги убие.


Инаку, Германос Каравангелис бил истакнато грчко „духовно лице“. патријаршиско костурски митрополит, еден од пионерите на грчката воружена пропаганда во Македонија. Роден е под името Стилианос Каравангелис во селото Стипси на остров Лезбос. Во 1900 година Каравангелис бил поставен за патријаршиски митрополит во западномакедонскиот град Костур.


Според пишаните документи, по создавањето на андартските чети Каравангелис започнал да врши насилен притисок врз 30 егзархиски села со македонско православно населени во Костурско како што биле селата Апоскеп, Бобишча, Вишени, Дреновени, Загоричани, Д’мбени, Косинец, Мокрени, Орман, Смрдеш и многу други.


Таму Каравангелис станал еден од пионирите на Грчката воружена пропаганда во Костур и почнал да соработува со Елиномакедонскиот комитет како и со фашистите Павлос Мелас, Јон Драгумис и Ламброс Коромилас и други. Каравангелис ги организирал првите андарски грчки и прогрчки чети во Македонија составени од грчки воени офицери.


Тврдењата се точни дека Каравангелис е еден од главните организатори на крвавата свадба во Зелениче и масакрот во Загоричани. За овие случувања самиот митрополит напишал дека во 1905 година во Зелениче имало една свадба. За тоа дознала четата на Каудис, влегла во куќата и бидејќи згаснале светлата, истрелале во темнината и убила петнаесет или шеснаесет Македонци. Но, невестата и зетот не биле убиени. Ова го сториле затоа што мислеле дека на свадбата присуствувале и членови на „бугарските банди“.



Според пишувањето на Каравангелис, една „бугарска чета“ отишла еден ден и го изгорела манастирот во Цирилово… По неколку дена „Бугарите“ изгореле и друг манастир во Сливени и го убиле и монахот кој се наоѓал таму. Бидејќи во опожарувањето на овие манастири учествувале и многу „Бугари“ (Македонци.м.з) од селото Загоричани, Вардас решил да ги казни…
Кога Вардас решил за нивното казнување, тој му испратил писмо на Каравангекис, а тој му ги испратил имињата на неговите (шпиони.м.з) луѓе, за да не ги гибне. И така спроти 15 март 1905 година се сокрил во шумата наспроти селото со околу 300 борци меѓу кои биле и војводите Каудис, Макрис и Булакас, еден разбојник по име Гудас со својот син и многу други.


Сите што се спротиставувле во селото ги убивале, а нивните куќи ги запалувале. Тој ден биле убиени шеесеттина македонски жители на Загоричани и неколку гркомани (шпиони). Од гркоманите не беа убиени многумина, затоа што Каравангелис му имал дадено список со нивните имиња на Вардас, и самите се погрижиле да се скријат, додека македонското населени („Бугарите“, како Каравангелис ги нарекувал) се бореле жестоко. Но во таа голема бркотница не било лесно да се разликуваат кој биле „Грците“, а кој се „Бугарите“ (Македонците).


Горните верувања и дејствија за Благовец кај притиците, за жал, станале дел од животот само на грчките андарти на чело со митрополитот Германос Каравангелис, кој во масакрот на Македонците во селото Загоричани, Леринско, пред 120 години била раководна личност на „христијанската“ Грчка православна црква, кој заборавил дека една од најголемите христијански заповеди гласи: “Сакај го ближниот како што се сакаш себе си”.


По повод 120-те години од колежот на македонското население во селото Загоричани, Костурско, Здружението „Загоричани“ кое е формирано во 2008 години во Скопје, ќе ја организира Третата меморијална ликовна изложба на тема СТОП НА ТЕРОРОТ – ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ.


Пишува: СЛАВЕ КАТИН