ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН
Стив Пљакас е човек кој многу чита и е многу информиран. Во една пригода тој рече дека една од најголемите христијански заповеди гласи: „Сакај го ближниот како што се сакаш себе си“. Меѓутоа, веднаш додаде дека, оваа заповед не се однесувала на времето на Филип Македонски, особено после битката кај Хиронеја (Хајронеја). За жал, оттогаш, од условно речено Првиот Илинден за Македонците до денес, постои антагонизам меѓу Македонците и Грците.
Стив Пљакас вели дека и во литературата е запишано дека, меѓу овие два различни народа и по култура и по јазик, обичаи, боја и по ген, има и омраза и љубов, и верба и борба, омаложување и соработка, и лоши и задни мисли кон ближниот, а, во исто време се негира сè што се поседува, и сето тоа само продолжува да трае на свој начин, за жал кај овие два соседни и христијански народа – грчкиот и македонскиот.
Дел од оваа вистина сè уште е присутен дури и сега, и многу видови на живот на соседот понекогаш влијаат на иднината на соживотот, бидејќи се фрла темна светлина врз животните патеки, за тие да се претворат во своевидни лавиринти на апсурдот.
За да го потврдиме горното ќе започнеме со фактот дека во овој момент Егејска Македонија опфаќа голем дел од јужна Македонија и дека во неа, националниот состав на населението претрпел големи етнички промени, особено по Балканските војни и поделбата на Македонија, особено по Ѓраѓанската војна во Грција.
Против Македонците под грчка власт сè уште, континуирано, се води асимилаторска, измачувачка политика и принудно истребување, со единствена цел, да се промени етничкиот состав на Егејска Македонија. Ова продолжува без престан, бидејќи македонскиот народ, според своите обичаи, лингвистички, генетски, етнички, фолклорни, национални и други карактеристики и белези.се разликува од грчкиот измешан народ.
Од тие причини, од првиот момент кога грчката буржоазија започна да ја шири својата моќ над Егејска Македонија, таа има воспоставено брутална политика на физичко истребување на македонскиот народ и промена на етничкиот состав во своја корист.
Така, со намера да ги избрише сите можни траги што потсетуваат на македонскиот карактер во Егејска Македонија, грчката буржоазија, меѓу другото, усвои закон со кој во ноември 1926 година ги промени македонските со грчки имиња на сите села и градови, лични имиња, планини, полиња, топоними, реки…. Сè што потсетуваше на Македонија и македонскиот народ.
Според Стив Пљакас за време на Граѓанската војна во Грција, во периодот 1946-1949 година, се продолжи со егзодусот на голем број Македонци и припадници на Грчката комунистичка партија. Уште оттогаш, според разните режимски сценарија, Македонците биле сметани како потенцијално неверници кон грчката држава.

Македонците во дијаспората
Затоа, на 1 октомври 1947година со декрет беше усвоен Закон за одземање на правото на државјанство, што беше проследено со мерки за нивно протерување од нивните родни места кои се наоѓаат во тогашна Северна Грција, а денес најгласна Македонија, но, се разбира со „грчки карактер“.
Исто така, е факт, кој влезе во црните анали на стариот континент дека за време на Граѓанската војна во Грција, околу 30.000 деца на возраст од 2 до 14 години, од кои поголемиот дел Македонци, беа протерани во тогашна Југославија и други источно-европски земји.
Во тоа време, повеќе од 50.000 Македонци беа принудени да емигрираат поради тешката и сурова одмазда на која припадниците на македонското национално малцинство беа подложени. Податоците велат дека повеќе од 17.000 починале во Северна Грција.
Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН