Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги отфрли предлозите за испраќање мировници во Украина по евентуалниот прекин на огнот, оценувајќи ги како „празни разговори“.
Според него предлозите на Лондон и на Париз се обид за понатамошно разгорување на судирот и измама со цел да и се овозможи на Украина повторно да се вооружи.
Лавров тврди дека тоа би довело до членство на Украина во НАТО и до „целосно уништување на првата на населението што зборува руски јазик“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп пред два дена изјави дека лично го прашал рускиот претседател Владимир Путин за можноста за распоредување на мировни сили во Украина. Според Трамп, Путин изјавил дека нема проблем со тоа.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вчера изјави дека за Москва е „неприфатливо“ распоредување на мировни сили во Украина по евентуалното примирје.