Конференција за говорот на омраза во медиумите

Во организација на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска во Скопје, ќе се одржи конференција на тема „Говорот на омраза во медиумите“.

На конференцијата ќе биде промовирана публикацијата „Регулаторните тела за медиумите и говорот на омраза“, во која се пренесени искуствата и практиките на регулаторите во регионот, како и препораки за справување со ваквите појави.

Во рамки на конференцијата ќе бидат презентирани и наодите од истражувањето за портретирањето на Ромите во радио и телевизиските програми на ЕМРЦМР „Асоцијација 24Вакти“, како и анализата Ставовите на публиката за претставувањето на ЛГБТИ-лицата во медиумите која е резултат на соработката меѓу Агенцијата и Коалицијата „Маргини“.