Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска уште еднаш ја отфрли опцијата палестинските власти да ја преземат контролата врз Појасот Газа, а во исто време ја истакна својата поддршка за планoт на американскиот претседател Доналд Трамп за иднината на крајбрежната енклава уништена од војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас, јави ДПА.
„Токму каков што е мојот став, ден по завршувањето на војната во Газа, таму нема да има ниту Хамас, ниту палестинска управа“, рече Нетанјаху.
„Го поддржувам планот на американскиот претседател Трамп да создаде поинаква Газа“, додаде израелскиот премиер.
Трамп предложи речиси два милиони жители на Појасот Газа да бидат раселени во соседните земји, а опустошените крајбрежни територии да станат „Ривиера на Блискиот исток“.